16 годишно дете го реши спектаклот Њукасл - Ливерпул

Сезоната во Премиер лига штотуку започна, а веќе во 2. коло се одигра луд натпревар меѓу Њукасл и Ливерпул. Овие два клуба речиси цело лето си праќаат остри пораки околу трансферот на најдобриот фудбалер од лани на Њукасл, Александер Исак. Сега едно младо дете го засени цел тој трансфер.

Epa images
Epa images
Photo: Epa Images

Ливерпул играше рутински, шампионски во првиот дел и на стартот од вториот и имаше заслужено водство од 0:2 со головите на Рајан Хравенберх и Уго Екитике во 35-та и 46-та минута.

Како капак на се на Њукасл му дојде и директниот црвен картон на шпицот Ентони Гордон во 45+3' минута од првиот дел па останаа со играч помалку. Гордон грубо и бесмислено стартуваше од зад грб над Ван Дајк:

Но стадионот „Сент Џејмс Парк“ познат по неверојатната громогласна поддршка не се предаде. И тоа го водеше Њукасл кој прво во 57-ма минута намали на 1-2 преку капитенот од Бразил Бруно Гимараеш кој прецизно стрелаше со глава:

А во самиот финиш од мечот и израмни сензационално 2:2 со голот на високиот Вилијам Осула:

И кога сите мислеа дека крајниот резултат ќе биде нерешен, нововлезеното дете на Ливерпул кое Арне Слот реши да „го фрли во оган“, Рио Енгумоа по сјаен потег на Доминик Собозлаи го постигна својот дебитантски гол во Премиер лига на само 16 години!

Лудница меѓу навивачите на црвените:

26 август 2025 - 09:08