Фабрегас најави, Комо направи статуа за свој фудбалер
Алесандро Габриелони е права легенда на фудбалскиот клуб Комо. Не е којзнае колку време таму, од 2018-та го носи сино-белиот дрес но на 218 натпревари постигнал 64 гола и што е уште поважно тој е единствен фудбалер кој дал гол за Комо во Серија Д, Серија Ц, Серија Б и Серија А. Тренерот на Комо Сеск Фабрегас лани во шега рекол дека „Габриелони толку многу го задолжил клубот што сега заслужува статуа да добие“. И добил.