Единствената добра работа која ја направи играч на Јуве во Верона

Италијанските медиуми го ставија на тапет Вестон Мекени затоа што од клупа и фрла опасен поглед на Дилета Леота, а навивачите оставаат реални коментари за една таква атрактивна мета која и нема причина зошто би ја игнорирал кога поминува покрај него.

Дилета Леота се прослави како водителка на ДАЗН и нема навивач во Серија А кој не ја знае и не ја ѕирка на Инстаграм.

Ова со Мекени е само случаен кадар од многуте погледи кон неа кои сега со празни трибините можат во живо да се забележат само од играчите.

Познатиот новинар Танкреди Палмери го мајтапи фудбалерот на Јуве дека не бил спремен за италијанскиот фудбал, а навивачите на големо го поддржуваат.

Еден од разочараните на Јуве кој киксна 1:1, вели дека Мекени ја направил единствената добра и прецизна работа на гостувањето во Верона.

Мекени го зборат дека ја зјапал, а Наполитанците сте ги чуле што и пееја кога им се појави на стадион?

1 март 2021 - 11:13