Најголемиот фер плеј од пенал во режија на Крањчар

Златко Крањчар пред 10 години беше селектор на Црна Гора, а потоа продолжи со тренерски ангажман во Иран каде го водеше Сепахан. На еден од своите играчи му нареди да промаши пенал, да добро читате, да го промаши, а тоа се случи на меч од азиската ЛШ против Ал Наср.

На вратена топка која беше шутната во аут поради повреда, играч на Сепахан направи необично неспортски потег. Се стрча да ја фати и да даде гол, а голманот во обид да го спречи направи пенал. Но Цицо не дозволи неговиот тим да биде на насловни страници со срамни наслови и ја корегираше ситуацијата на џентлменски начин од што па произлезе фер плеј потег за почит. 

1 март 2021 - 15:28