Сторијата датира од 1997-ма година, кога 12 годишниот Лука со својот тим Задар гостувал на турнир во Бергамо организиран од клубот Ораторио Имаколата.
Тоа гостување му било поразлично од сите други и незаборавно. Бил прогласен за најдобар играч на турнирот, податок кој му стои во книгата објавена лани опишан како „Мојот прв трофеј“.
Фудбалскиот пат на Аталанта сакаше Реал да гостува во Бергамо, но за жал поради Ковид протоколите луѓето од малиот клуб не можеа да го гледаат во живо Лука кој прерасна во светска ѕвезда. Затоа најдоа начин како да се испочитуваат меѓусебно.
Спомените ги отворија Антонио, Стефано и Фрабриција Бучи, децата и сопругата на Натале кој во тоа време бил потпретседател на клубот. Емотивни сеќавања од тоа време раскажува Антонија.
„Се сеќавам кога го придружував Лука заедно со неговите соиграчи од Задар за да им купам копачки од 10.000 лири и пристојна облека. Тоа беше воено време за тие кутри деца, кои во тие денови против нас играа со многу љубов спрема фудбалот што ќе ја паметам засекогаш. Бајката за тој прекрасен и тивок херој, срамежливо момче кое се симна како овчар од хрватските планини и стана шампион е нешто неизбришливо“.
Од своите архиви тие извадија фотографија од Модриќ качен на точак, а токму од тој натпревар, Модриќ во својата книга раскажува и една анегдота.
„Ноќта пред финалето имав треска. Легнав во кревет, се покрив и цел се тресев. Не кажав на никој. Ако некој му кажеше на тренерот Домагој Башиќ, немаше да ми дозволи да играм. Бев преплашен од таа помисла, но и исцрпен од умор. Заспав во длабок сон и кога се разбудив следното утро, не ми беше ништо. За малку и ќе заборавев што ми се случи, а потоа играв во финалето и постигнав гол“.
Кам бекот на Лука на тоа место се совпадна со 100 годишнината од формирањето на Ораторио Имаколата, па затоа тие му испратија дрес со број 100, а тој им подари дрес од Реал и книга со автограм како подароци за нивниот голем јубилеј и напиша: За моите пријатели од Ораторио Имаколата.