Кои се најмлади стрелци на гол во историјата на Премиер лига?

16-годишниот бисер на Ливерпул Рио Енгумоа се најде утрово на насловните страни на многу спортски медиуми откако постигна победнички гол во дербито со Њукасл на гости за триумф 2:3.

Малиот Рио кој ги убеди навивачите на Ливерпул брзо да подзаборават на Александер Исак и Дарвин Нуњез, стана четврти најмлад стрелец во историјата на англиската Премиер лига.

20 најмлади стрелци во Премиер се:

1. Џејмс Вохан (Евертон - Кристал Палас на 10-ти април 2005) - 16 години и 270 дена

2. Џејмс Милнер (Лидс Јунајтед - Сандерленд на 26-ти декември 2002) - 16 години и 356 дена

3. Вејн Руни (Евертон - Арсенал на 19-ти октомври 2002) - 16 години и 360 дена

4. Рио Енгумоа (Њукасл - Ливерпул на 25-ти август 2025) 16 години и 361 ден

5. Сеск Фабрегас (Арсенал - Блекбурн Роверс на 25-ти август 2004) - 17 години и 113 дена

6. Мајкл Овен (Ливерпул - Вимблдон на 6-ти мај 1997) - 17 години, 143 дена

7. Енди Тарнер (Тотенхем Хотспур - Евертон на 5-ти септември 1992) - 17 години и 166 дена

8. Федерико Македа (Манчестер Јунајтед - Астон Вила на 5-ти април 2009) - 17 години и 226 дена

9.  Луис Мајли (Њукасл Јунајтед - Фулам на 16-ти декември 2023) - 17 години и 229 дена

10. Итан Нванери (Арсенал - Нотингем Форест на 23-ти ноември 2024) - 17 години, 247 дена

11. Даниел Џебисон (Шефилд Јунајтед - Евертон на 16-ти мај 2021) - 17 години, 309 дена

12. Рахим Стерлинг (Ливерпул - Ридинг на 20-ти октомври 2012) - 17 години, 317 дена

13. Микаел Форсел (Челси - Нотингем Форест на 20-ти февруари 1999-та) - 17 години, 342 дена

14. Дани Кадамартери (Евертон - Барнсли на 20-ти септември 1997-ма) - 17 години, 343 дена

15. Дани Велбек (Манчестер Јунајтед - Стоук на 15-ти ноември 2008) - 17 години, 355 дена

16. Мајкл Бол (Евертон - Арсенал на 27-ми септември 1997) 17 години и 360 дена

17. Марк Кулен (Хал Сити - Виган Атлетик на 3-ти мај 2010) - 18 години и 12 дена

18. Ли Катермол (Мидлзброу - Манчестер Сити на 2-ри април 2006) - 18 години, 12 дена

19. Виктор Аничебе (Евертон - Вест Бромвич Албион на 7-ми 2006) - 18 години, 14 дена

20. Алан Смит (Лидс Јунајтед - Ливерпул на 14-ти ноември 1998) - 18 години, 17 дена.

16 годишно дете го реши спектаклот Њукасл - Ливерпулž

 

26 август 2025 - 10:01