Ждрепката во Лига Европа на Милан и Манчестер Јунајтед им направи да им се стемни во топ 16, бидејќи една од двете екипи ќе мора да се соочи со требење во фаза спротивна на нивните амбиции.
Убави и неизвесни ќе бидат дуелите на Арсенал, Рома и Ајакс, а за македонската јавноста од голем интерес за следење ќе биде дуелот меѓу Динамо Загреб и Тотенхем. Од една страна Мурињо, Бејл, Кејн, Деле Али, а од другата Стефан Ристовски и Аријан Адеми.
Осминафинални двојки:
Ајакс - Јанг Бојс
Динамо Киев - Виљареал
Рома - Шахтјор Доњецк
Олимпијакос - Арсенал
Динамо Загреб - Тотенхем
Манчестер Јунајтед - Милан
Славија Прага - Глазгов Ренџерс
Гранада - Молде
Првите натпревари се играат на 11 март, а реваншите една недела подоцна по што ќе следува нова ждрепка на 19 март за четвртфинале.