Offside

Иако во прв план последниве неколку месеци се ултра модерните арени ширум САД, едно легендарен фудбалски храм тивко, искусно и од сенка чека уште едно свечено отворање на големо Светско првенство.

Најдоброто од Даре Чурлинов во 1 минута

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов долго ќе ја памети големата прослава со тимот на Шалке кој се избори за кам бек во Бундеслигата како првопласиран. Уживајте во неговите најдобри потези од сезонава. Топ компилација му направиле. 

Еуфорична прослава на Манасков за пласманот во Ф4

Веспрем и Кјелце се првите полуфиналисти во ракометната Лига на шампиони. Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков неодамна направи кам бек на терените и даде 9 гола на првенствен меч, а синоќа го славеше пласманот во Келн откако го елиминираа Алборг.

Дедото журкаџија кој го направи Ајнтрахт Франкфурт европски шампион од второлигаш

Германскиот Ајнтрахт го освои првиот евро пехар после цели 42 години. Тогаш, во 1980-та славеа во Куп на УЕФА, сега славеа во истиот турнир со друго име - Лига Европа. Огромни заслуги за историскиот успех носи уникатниот претседател на клубот - 63 годишниот Петер Фишер.

Како Филип Костиќ стана херој во Лига Европа после промашена мејл адреса

Еден од најдобрите фудбалери на Ајнтрахт Франкфурт и најзаслужниот што овој клуб го освои првиот европски трофеј после цели 42 години, Филип Костиќ за малку пред неколку месеци ќе заминеше од клубот.

Кога душата им се радува на коментаторите

Славната фраза на Тони „Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е“, важи за играчите, тренерот, стручниот штаб, навивачите, ама и за тие на кои пена им фати устата 120 минути и кусур. Па како да не скокаат, само втор европски трофеј им е во 123 години историја.

Видовте ли што одбрани голманот на Ајнтрахт во 118-та и 121-ва минута?

Фудбалерите на Глазгов Ренџерс нека не гледаат хајлајтс од финалето за да не се јадат живи или нека ги прескокнат последните мигови од продолженијата. Кевин Трап буквално ги отпиша, особено со првата лудачка и јуначка интервенција со нога.

Среќните панталони на тренерот на Ајнтрахт - еден пар веќе е во музеј, со другиот освои Лига Европа

Ајнтрахт Франкфурт го освои највредниот трофеј досега во клупската историја откако синоќа на пенали во Севиља го совлада шкотски Ренџерс. Тренерот на германскиот состав Оливер Гласнер има едно мало суеверие кое верува дека му помага.

50.000 навивачи приредија незаборавна лудница на стадионот на Ајнтрахт

Кога ќе ги погледне човек овие сцени, да знае каде било појако да се гледа финалето од ЛЕ, кај домаќинот Севиља или кај победникот во Франкфурт. Цел стадион ги исполнија царевите за да го гледаат мечот на видео бим. Па ова е нереално.

Ајнтрахт Франкфурт е во облаци, преку драматична пенал серија стигна до европски трофеј по 42 години

Првото од три европски финалиња колку што за прв пат ќе гледаме месецов, му припадна на Ајнтрахт Франкфурт кој втор пат во историјата се радува на ЛЕ. 1:1 во регуларниот дел, 5:4 на пенали. Трагичар беше Арон Рамзи, единствен играч кој промаши во петте серии.

Навивачите на Ајнтрахт Франкфурт сезонава се за чиста 10-ка

Одат на гостување по 10, 20, па и до 30.000, тоа не е никаков проблем, без разлика колку е далеку дестинацијата. Погледнете како се загреваа пред вечерашното финале од ЛЕ против Глазгов. Моќен хор.

НБА Топ5 на вечерта

Во НБА гори. Започна конференциското финале на Истокот, Мајами го доби првиот меч во серијата со Бостон Селтикс 118-107. Во другото полуфинале ќе играат Далас и Дончиќ против Голден Стејт Вориорс на Стеф Кари.

Топ компилација со голови постигнати во финале на ЛЕ

Индивидуалната акција на Фалкао, фелшот на Стариџ, проектилот на Занети против Лацио...Финалињата од ЛЕ знаат да дадат многу јаки голчишта. Глазгов Ренџерс брка прв трофеј, Ајнтрахт Франкфурт втор. Битката ќе се води во Севиља од 21 часот.

Фото на денот за фудбалот и другарството

Глазгов Ренџерс во 1972-ра го освои Купот на Куповите на победниците и од тогаш нема европски трофеј. На тоа финале биле четворица другари и еве ги после долги 50 години, за жал во некомплетна екипа, повторно се вратија во Шпанија. Тогаш беа во Барселона, а сега се во Севиља.

Навивач на Рома украл дрес, а во полиција се вадел на Мурињо

Рома ќе игра европско финале по пауза од 31 година, а еуфоријата на навивачите драстично се засилува. Еден од што не можел да издржи, извршил кражба во фан шопот на клубот.

Јапонски начин на изведување седмерец

Косуке Јашухира има само 21 година и луди идеи за изведување ракометни пенали. Да ѕирнеме каква акробација продаде во францускиот шампионат каде е член на Ним.

Првите тренинзи на Ѓоковиќ на 4 години

По освојувањето на Мастерсот во Рим каде стана најстар победник со 34 дена, 11 месеци и 23 дена, се појави снимка од 1991-ва од човекот кој владее 370 недели на врвот на АТП листата. Уште на 4 години знаел да држи рекет и да го удира топчето со форхенд и бекхенд.

Трол за Арсенал од навивачите на Њукасл

Им го „одземаа“ во претпоследно коло со победа од 2:0, па уште им пејат на таа тема за да ги дотепаат. Само пораз на Тотенхем од Норич, а победа на Арсенал над Евертон може да донесе пресврт во недела на табела.

Навивачите на Сампдорија „ја погребаа“ Џенова

Додека го имаа Пандев се спасуваа, потоа дојдоа некои Американци за газди кои очигледно не сфаќаат што значи да го имаш Горан во тим и ете ги до каде стигнаа. Кам бек во втора лига.

Не планирав ножички, сама ми се намести

Мајсторот се презива Дел Прете што во превод значи поп. И да сакаше не можеше да најде поатрактивен начин за 3 бода на Естудијантес во Копа Либертадорес. Погледнете како го реши отпадокот кој стигна до него.

Превртување од радост, легендарниот Нотингем на 90 минути од Премиер лига

Некогашниот европски шампион и клуб кој ја доминираше цела Европа, а кој подоцна со децении дремеше во ниските англиски дивизии, сега дојде во прилика за првпат после далечната 1999-та да се врати во елитната Премиер лига.

Шампиони се на Македонија, а не држат македонски знамиња

Шкупи или Слога Југомагнат по старо, ја прослави шампионската титула. Играат во македонска лига, имаат неколку македонски фудбалери, тренер им е Гоце Седлоски, а се однесуваат како да се дел од албанскиот или косовскиот шампионат, исто како Шкендија. Ова е атмосферата на стадионот во Чаир во последното коло против Академија Пандев.

Франческо Толдо во македонска верзија

Ја имаме одбраната на колото, месецот и сезоната од нашиот драгоцен и ултра атрактивен мак фудбал. Да се наежи човек. 

Кој е шампион ако Интер и Милан завршат со ист број на бодови?

Во недела, на 22 мај, во Милано и оваа година ќе има фешта за Скудетото, само уште да се официјализира кој ќе го освои. Милан 83, Интер 81.

Очај и гнев кога осма година по ред ти бега ЛШ

На специјалистот за четврто место во Премиер лига веќе му стана недостижно тоа пусто четврто место. Синоќа загубија од Њукасл, кој не се бори за ништо и во последно коло влегуваат како петти со -2 зад Тотенхем. Очајот на еден ист навивач снимен две сезони по ред. Бара да им се вратат парите на навивачи кои биле на гостување.