Ибра му се сипа на познат италијански новинар

Милан со 4-0 го растури РБ Салцбург и за првпат после долги години се пласираше во 1/8 финале на Лига на шампиони, турнирот кој росонерите го освоија 7 пати во историјата. Тоа ќе биде добра прилика и за Златан Ибрахимовиќ во 2023-та да проба да им помогне на соиграчите. 

Златан уште се опоравува од повредата и од трибините бурно ги поддржува своите соиграчи.

Неодамна пред мечот Челси - Милан во Лига на шампиони, новинарот Алесандро Алчато рекол на прашање за Ибрахимовиќ: „Месец декември ќе биде решавачки и ќе се знае дали фазата на опоравување ќе оди во права насока или ќе значи и дефинитивен крај за Ибрахимовиќ“.

А Ибра, стар волк, го начекал Алчато за време на мечот Милан - РБ Лајпциг па му викал од горе:

„И немој да одиш наоколу и да збориш дека не играм. Не смееш да зборуваш. Ако не си слушнал од мене, не смееш да зборуваш!“, остро му викаше Ибра од горе.

3 ноември 2022 - 12:00