
Феенорд го совлада Лацио 1-0 а Мидтјиланд беше подобар од Штурм Грац со 2-0. На тој начин сите на крај имаа по осум бода, а Холанѓаните и Данците завршија први и втори поради подобрата гол разлика.
ШТО СЕ БРОИ ПРИ ИСТО БОДОВИ?
Критериумите кога има ситуација два или повеќе тима да имаат исто бодови на крај се:
- повеќе освоени бодови во дуелите меѓу тие тимови
- гол разлика во натпреварите меѓу тие тимови
- број на постигнати голови
- гостински постигнати голови
- број на победи на сите натпревари
- број на гостински победи на сите натпревари
- дисциплински фер-плеј (црвен картон носи минус 3 поени, жолт минус 1 поен, црвен после два жолти минус 1 поен)
- последен критериум е предноста според клупски коефицент
КАКО ЗАВРШИ 6-ТО КОЛО?
Феенорд го победи Лацио со голот на шпицот на Феенорд Сантијаго Хименез. А во Мидтјиланд стрелци за домаќините против Штурм беше тандемот Дрејер-Исаксен.
Така австриски Штурм стана прв клуб во историјата на Лига Европа кој завршил последен на табела и со 8 освоени бодови. За да им биде уште покриво на Австријците, во минатото коло со гол во 90+3 минута го победија Феенорд и се надеваа на пласман понатаму.
На крајот тимот од Ротердам оди понатаму во 1/8 финале на Лига Европа. Мидтјиланд ќе го чека меч од 1/16 финале со третопласиран тим испаднат од групи во Лига на шампиони. Лацио оди во нокаут фаза на Лига Конференции и таму ќе го чека меч со второпласиран од Лига Конференции за пласман во 1/8 финале. Штурм завршува со настапи во еврокупови.