Навивачката група на Копенхаген, Sektion12 направи неверојатна кореографија на сите четири трибини на необичниот стадион на Копенхаген. После следуваше шлагот пиро:
Што се однесува до самиот меч, Дортмунд поведе во 23’ минута преку Торган Азар, братот на фудбалерот на Реал Мадрид, Еден, а Копенхаген израмни во 41’ минута преку Хакон Арнар Харалдсон.
Од оваа група Манчестер Сити како прв со 14 бода и Дортмунд како втор со 9 бода одат во осминафинале а Севиља со 5 бода ќе продолжи во „нејзината омилена“ Лига Европа. Копенхаген со 3 бода се прости од Европа сезонава.