Лудото сценарио го приреди Бенфика, а ПСЖ веројатно воопшто не го очекуваше и мислеше дека со победа над Јуве на гости сигурно ќе заврши прва на табела.
Но што се случи? Парижаните славеа 1:2, а Бенфика ја декласираше Макаби Хаифа на гости со 1:6. Само во второто полувреме им го наполнија голот со 5 комада за половина час игра.
Со овие два резултати Бенфика и ПСЖ беа израмнети по три параметри: Ист број на бодови (14), нерешено во меѓусебен дуел бидејќи и двете средби завршија 1:1, па дури и идентична гол разлика (16:7).
Коментаторите на Арена спорт беа збунети и не знаеа кој е четвриот параметар кој одлучува кој ќе биде прв. Нагаѓаа дека тоа изгледа е бројот на жолти картони.
Но португалскиот тим всушност завршува прв поради поголемиот број голови на гости. Имаат 9, а ПСЖ 6.
Пресуден беше голот на Жоао Марио во 92-ра минута, бидејќи со 1:5, ПСЖ ќе беше подобар во гол разликата за само еден гол.
Дали е важно за нокаут фаза да се оди како прв? Напревете сами проценка. Бенфика сега ќе биде носител, што значи го избегнува европскиот првак, како и екипи од рангот на Баерн Минхен, Манчестер Сити и Челси.
Не може да се падне ниту со ПСЖ, бидејќи беа во иста група. Бенфика во овој случај може да добие поповолен противник како Клуб Бриж, Анјтрахт Франкфурт, Лајпциг или Борусија Дортмунд.
Во осминафинале ПСЖ можно е да добие екипа како за финале. На пример ПСЖ - Баерн, ПСЖ - Сити, ПСЖ - Реал, ПСЖ - Челси. Ете ја разликата меѓу прв и втор на табела.
Ждрепката е на 7 ноември во 12 часот.