
Агуеро, Ди Марија, Паредес и други раскажуваа во разни временски пригоди дека не паметат Меси да бил толку тивок, посветен, фокусиран како пред тоа големо финале на Копа Америка 2021 со Бразил.
Еве го говорот на капиенот пред финалето кое „гаучосите“ го добија 1-0.
Ова беше прва шампионска титула на Аргентина на Копа Америка после далечната 1993-та година и вкупно 15-та во историјата колку што има и Уругвај.
Во големото финале одиграно на славната „Маракана“ во Рио де Жанеиро, Аргентина го доби Бразил 1-0 со голот на Ди Марија во 22’ минута.
Меси беше прв стрелец на тој турнир со 4 гола колку што даде и Колумбиецот Луис Диаз.