
Од 23-ти декември 2011-та година до денес, Атлетико Мадрид само еднаш испадна од групна фаза во Лига на шампиони и тоа се случи првпат сезонава.
После поразот 2:1 од Порто во популарната шпанска емисија El Chiringuito се појавил мега инсајдер: управата на Атлетико Мадрид разговарала со луѓето блиски до Луис Енрике, селекторот на Шпанија со цел да го назначат за нов тренер веднаш после Светско првенство 2022.
Водителот на оваа емисија рекол дека Енрике наводно се согласил на понудата само во случај ако му дозволат да направи чистка во екипата.
После неколку часа стигнал демант. COPE сајтот соопштил дека Атлетико нема да го менува тренерот. Управата верувала дека ваквиот лош резултат во Европа е прв за 10 години и искрено верува дека Симеоне ќе се бори за титула во Ла Лига.
Заостатокот од лидерот Реал Мадрид е девет бода и тоа не е баш најреалистично сценарио.
СИМЕОНЕ Е НАЈСКАП ТРЕНЕР НА СВЕТОТ И НАЈСКАПО ЌЕ БИДЕ ДА МУ РАСКИНАТ ДОГОВОР
Отказ на Аргентинецот ќе значи и дека Атлетико Мадрид ќе мора да плати астрономски 14 милиони евра што во услови на светска криза и воопшто, се грдни пари.
Клубот наводно може да се договори со Симеоне да ја спуштат таа сума на разумно нешто, но тоа е малку веројатно поради затегнати односи на упрвата со Чоло. Тој има договор до 2024-та.
Во март француски L'Equipe објави годишен рејтинг на плати во топ лигите и таму Диего Симеоне беше најплатен. Поплатен дури и од секој друг фудбалер во француска Лига 1. Чоло заработува 3,3 милиони евра месечно!
Во Топ5 лигите повеќе заработуваат само Нејмар, Лионел Меси и Килијан Мбапе. Меѓу тренерите најблизок му е Пеп Гвардиола со вртоглава заработка од 1,89 милиони евра месечно во Сити.
„Не ги разбирам критиките за Симеоне. Сосема не ги сфаќам. Не ја почнавме добро сезоната. Западнавме во сложена ситуација. За жал не ни тргна, но во последните 12 години имаше многу добри нешта. Зар да свртиме така страница?“, прашал претседателот на Атлетико Мадрид Енрике Серезо.
АТЛЕТИКО ТРПИ ЕКОНОМСКИ ПОСЛЕДИЦИ
Финансиските потешкотии во Ла Лига се одамна тренд. За мачењето на Барса знаат и врапци на гранки но не е само тие.
Marca пишуваше дека најкриво за се е раководството на шпанска Ла Лига која продала 10% од акциите на инвестицискиот фонд CVC. Поради оваа зделка, клубовите останале без некои средства од претходно.
Атлетико Мадрид работи на кратење на плати на скапите фудбалери: Антоан Гризман, Жоао Феликс, Коке, Јан Облак и Тома Лемар. Наводно последниве двајца веќе прифатиле намалување на плата. L'Equip пишува и дека Чоло Симеоне се согласил лани да зема околу 300.000 евра месечно помалку од предвиденото.
На „јорганџиите“ не им помогнало многу ни што нашле нов спонзор - криптокомпанијата WhaleFin, најголема спонзорска зделка во историјата на клубот која годишно му носи околу 40 милиони евра. Плус Атлетико ги продал правата на назив на стадионот на компанијата Civitas во следните 10 години и за тоа ќе добива 10 милиони евра годишно.
Поради раното испаѓање од еврокупови (не одат ни во Лига Европа), Атлетико Мадрид наводно ќе загуби околу 20 милиони евра. Минатата сезона само од заработки од УЕФА за добрите резултати заработиле 40 милиони евра.