Мундијалски кам бек на Златко Калински во ново руво

Поетот од коментаторското столче кој 42 години царуваше во спортскиот етер и во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови, реши да ни го направи Светското уште поинтересно.

Калински се враќа во етер овој пат со подкаст шоу насловено како „Тоа е фудбалот“. Ќе прави емисии за СП Катар 2022 кои ќе може да ги гледате на социјалните мрежи. Одиме со тазе најава. Стартот е во петок.

Радиофоничиот глас на Калински, која со посебна жар и страст седеше на коментаторското столче, се одлепи од микрофонот на полуфиналниот дуел од ЛШ меѓу Атлетико и Реал, во мај 2017-та.

За да го следите на Инстаграм, клик тука.

3 ноември 2022 - 11:12