Лука Дончиќ направи нешто што во НБА не е видено 60 години

Од старт на новата НБА сезона, Далас Маверикс има учинок од 4 победи и 3 порази. На сите 7 меча по ред Лука Дончиќ постигнува по најмалку 30 поени што во најдобрата лига на светот не се видело од 1962-ра кога Вилт Чембрлен имал ваков луд старт на сезона.

Во НБА лигата најдобар почеток два пати имал Вилт Чемберлен (1959-60, 1962-63) а еднаш Џек Твајман во далечната 1959-та година. По 1962-ра, прв кој успеал да ги растури противниците на најмалку седум меча по ред е Лука Дончиќ.

Словенечкиот репрезентативец во триумфот на Далас Мавс со Јута Џез 103-100 постигна 33 поени (12/20 од игра, 2/3 за три), 11 асистенции и пет скока. На сите претходни средби правеше пуздер со најмалку 30-ина поени и дабл-дабл и трипл-дабл учиноци.

За да Лука го стигне рекордот на Вилт Чемберлен што е речиси невозможно, треба до крајот на оваа календарска година да игра во ист поентерски ритам зошто легендарниот кошаркар имал 23 меча по ред на кои решетал по 30 и повеќе поени.

 
3 ноември 2022 - 11:43