Offside

Ако некој ви кажеше дека ќе гледате ваков Комо во Лигата на шампионите пред некое време, дали ќе му поверувавте?

Хакан Шуќур лут и бесен на Хрватите поради една песна

Легендарниот турски фудбалер кој блескаше во дресот на Галатасарај, Интер и турската репрезентација, човек кој стана најдобар стрелец во историјата на турскиот фудбал, веќе неколку години живее во САД во политички егзил. Турските власти имаат распишано потерница по него поради наводна соработка со движењето Хизмет на Фетулах Ѓулен.

Која ти е најголема желба, мали? Да играм на Светско со Меси

Со 22 години, центарфорот на Аргентина и Манчестер Сити, Хулиан Алварез стана светски призната ѕвезда. Алварез имаше фантастични настапи за Ривер од каде се пресели кај Гвардиола. На Светсково игра маестрално и е најзаслужен за триумфот над Хрватска од 3:0 со два негови гола. Се појави видео од него како мал, на 11 години.

Мароко стигна до полуфинале, а најисмејуваниот навивач си ќари нова вилица

Навивачите се декор без кој не може да се одржи едно Светско првенство. На Хрватицата Ивана и фалеа уште лајкови и фанови, а на Мохамед нови заби. И двајцата среќни и задоволни заминуваат од Катар.

Да видиш ти во Аргентина каков лик се појави на прославата

Во ек на мирно Светско првенство во Катар, вакви се бараат, а не тоа гадостите со Французите и Мароканците кои ќе се заколеа синоќа во неколку француски градови. Пазете ја оваа појава во Аргентина откако заверија финале.

Навивачката трибина која се пушта после секој гол

Ова некогаш на времето се правеше на стариот добар Запад на „Градски“ во Скопје. Во времиња кога таа трибина крцаше од почеток до крај, имаше навика при гол на „црвено-црните“ да се пуштаат сите кон оградата, како во Јужна Америка. Сега такво нешто практикуваат во Салерно, навивачите на италијанска Салернитана.

Што е со пасов на Теодосиќ?

Уште е нејасно како може ваков мозок да не биде дел од селекцијата на Србија на годинашното Европско. Погледнете му го додавањето на мечот против Алба Берлин. Па треба да му се извини тој што се посрамоти под кош.

Франција ќе проба да ја одбрани титулата, такво нешто им успеало само на две репрезентации

До почетокот на Светското првенство, а по бледите настапи во Лига Нации, многу не веруваа во силата на Французите да го повторат подвигот од 2018-та кога развалија до шампионската титула. Сега селекцијата на Дидие Дешам е во ново финале. Втор пат по ред.

Како Агуеро го проследил пеналот на Меси?

Аргентина со 3:0 ја расканта Хрватска во полуфиналето на СП 2022 и се пласираше во големото финале каде ќе се судри со актуелниот првак Франција. Претходно „гаучосите“ ја совладаа и Холандија а и на овој меч гол од пенал даде Меси. Од трибините неговиот најдобар другар и некогашен соиграч Серхио Агуеро немал доволно храброст да го гледа изведувањето.

Мбапе нокаутираше навивач со топка и истрча да му се извинува

На загревање се случило, а по ова што го гледаме, Килијан изгледа има бајаги јак шут. Убав гест што му отиде на извинување.

Најлуда партија на Јокиќ сезонава

Додека светската спортска јавност не мрда поглед од Светското првенство во Катар, НБА остана во втор план надвор од САД. Таму синоќа Никола Јокиќ го разнел Вашингтон Визардс. Во триумфот 141:128, МВП за минатите две сезони, имал 43 поени, 14 скока, 8 асистенции и пет украдени топки. Јокиќ  шутирал 17/20 од игра, 9/10 слободни фрлања и 0/2 за три поени.

Француските фудбалери скокале по маса, Макрон ги гледал од страна

Ако Јапонците беа пример за тоа како треба да изгледа просторот во кој си славел нешто, француските фудбалери дијаметрално спротивни. Пласманот во големото финале на Светско го прославиле бурно, а не им било гајле ни што тука е претседателот Емануел Макрон.

Мбапе и Хакими се како браќа

За Ашраф и Килијан ова не беше баш посакувано полуфинале. Тие се неразделни клупски другари кои функционираат перфектно во ПСЖ и кои се навикнати заедно да победуваат. Плус врсници се, Мароканецот е постар само месец и пол. Едниот мораше да го теши другиот, а на крај си ги разманија дресовите.

За кој си на Светско? За тој што ќе победи

Во прво коло Саудиска Арабија ја победи Аргентина, арно ама Аргентина ќе игра во финале. Да провериме убаво во архивите може типов бил во Палермо и Дуисбург и навивал за Македонија.

Пред осум години разнесувал пица, а сега ќе игра во финале на Светско првенство

Фудбалерот на Монако, Јусуф Фофана заедно со ѕвездата на Реал Мадрид Тчуамени синоќа го држеа бетонскиот среден ред на Франција и водеа многу битки со Мароканците. Фофана има многу необична биографија.

Трето полувреме меѓу Французи и Мароканци, има и жртва

Од славјето за пласманот на Франција во финале и бесот поради елиминацијата на Мароко, произлегоа многу инциденти и тоа во неколку француски градови. Во нередите загина 14 годишно дете.

Заврши мароканскиот сон, светскиот шампион Франција е во финале!

Актуелниот светски првак од 2018-та, Франција го совлада најголемото изненадување на Мундијалот 2022, Мароко со 2:0 и оди на мегдан со Аргентина во големото финале за светска титула.

Како во Барселона се славеше пласманот на Меси во финале?

Шпанија испадна од Светско, ама нивниот најголем миленик од Барселона гази. Погледне ја оваа еуфорија.

Фрапантниот податок на Меси за кој нема конкуренција

Од тоа што го прави овој човек за фудбалот, кој 15 години го игра на врвно ниво, може да се издаде книга само со негова статистика во која е рекордер, веќе по кој знае по колку параметри. Внимавајте сега на овој.

Во меѓувреме да го чуеме говорот на Берлускони на божиќна вечера со играчите

Силвио Берлускони има 86 години и уште му е паметот, знаете каде. На предбожиќен собир со Монца, каде покрај играчите има и еден куп гости, прво го претставува новиот тренер со пофални зборови дека е способен и дека знае да ги стимулира фудбалерите, за потоа пред сите присутни и пред камери, да каже како тој планира да ги стимулира и вели вака:

Меси го прекина интервјуто за да го испочитува Далиќ

За разлика од четвртфиналето против Холандија кое мина со многу набој и провокации и кога еден смирен лик како Меси на сред интервју му довикуваше „глупчо“ на Вут Вегхорст, полуфиналето мина во поинакво расположение. Убави гестови се ова.

Аргентина победи и на Ѕвезда - Жалгирис

Големата победа на Аргентина над Хрватска се славеше и на кошаркарскиот меч од Евролигата меѓу Црвена Ѕвезда и Жалгирис. Причината е Аргентинецот Лука Вилдоза.

Буенос Аирес во транс, на бандери се пентареа

По осум години, Аргентина се враќа во мундијалско финале, шесто во историјата, второ со Меси. За светскиот трон мечтаат уште од 1986-та со Марадона. Главниот град синоќа се тресеше. Еуфоријата им е до плафон.