Додека светската спортска јавност не мрда поглед од Светското првенство во Катар, НБА остана во втор план надвор од САД. Таму синоќа Никола Јокиќ го разнел Вашингтон Визардс. Во триумфот 141:128, МВП за минатите две сезони, имал 43 поени, 14 скока, 8 асистенции и пет украдени топки. Јокиќ шутирал 17/20 од игра, 9/10 слободни фрлања и 0/2 за три поени.