Offside

Сан Антонио Спарс, екипата која речиси цела сезона беше прва на табела во својата конференција, повторно поведе во серијата против незгодната Минесота Тимбервулвс. Спарс славеа 126:97 на домашен паркет и сега водат 3:2 во серијата.

Велемајсторија на Барди од слободен удар

Само 4 минути и беа потребни на Македонија да го најдат патот до голот против аутсајдерот Гибралтар. Поатрактивно не можеше да биде. Уживајте во атракцијата на специјалистот за слободни фрлања, Енис Барди.

Како Црногорците ги зафркаваа босанските фудбалери и навивачи

Во еден пријатен, релаксиран меч во 3. коло од Лига Нации, Црна Гора и Босна и Херцеговина одиграа 1:1 и си поделија по бод. Гостите поведоа, домаќините израмнија а хит на мечот беше прозивката на домашните навивачи до гостинските. Поради фактот што Босанците признаваат само бурек со месо и никаков друг, Црногорците ги зафркаваа.

Ноер со гимнастичарски потег ја спаси Германија во Будимпешта

Германците како да се претплатени на резултат 1-1. Дури четврти пат по ред, а трет во Лига Нации завршуваат натпревар со поделба на бодови 1-1. Така беше и против Италија, и против Англија и сега против Унгарија во Будимпешта. Ама да не беше капитенот Ноер, трите бода ќе останеа во Будимпешта.

Асистенција на Рамзи за раскажување

Во 3. коло од Лига Нации, Велс и Белгија одиграа 1-1. Гостите поведоа први преку Јури Тилеманс во 50' минута, а Велшаните израмнија пред крајот, во 86' минута. Бренан Џонсон даде гол на неверојатна асистенција на Арон Рамзи.

Се појави нов Обафеми, личи на Мартинс, игра за Ирска и даде спектакуларен гол

Мајкл Обафеми има 21 година, роден е во Даблин од нигериски родители. По извесно време се сели со семејството во Лондон и таму почнува да тренира фудбал во младинските школи на Челси, Арсенал и Вотфорд.

Откако се игра Лига Нации немало вакво нешто

Во Лига Д каде се натпреваруваат најслабо рангираните европски селекции, Андора со 2:1 го победи Лихтенштајн. Еден од головите на Андорците, дело на Жезус Рубио уште долго време ќе биде дел од најавните шпици за Лига Нации. Невозможно.

Ќе има ли слух УЕФА за националистичкиот испад на Албанците во Тирана?

На стадионот на кој пред неколку недели се одигра финалето на Лига Конференции во Тирана меѓу Рома и Феенорд, синоќа албанските навивачи истакнале парола која што се поврзува со терористичката ОВК и мапа на тн. „голема Албанија“.

Бугарската фудбалска репрезентација имала тешка сообраќајка со автобус

Фудбалерите на Бугарија преживуваат тешки времиња. По катастрофалните партии последниве години поради кои се на удар на цела бугарска јавност, сега доживеале и тешка сообраќајка со автобус во Грзуија.

Блесок на Стеф Кари, Голден Стејт врати брејк во Бостон

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс го совладаа Бостон Селтикс со 107:97, земаа брејк на гостински паркет и израмнија на 2-2 во големото НБА финале.

Пораките за Кире кои одеа на видео бим на спектакуларното испраќање

За време на церемонијата на која Лазаров беше седнат како крал на престолот, на видео бим одеа пораки од неговиот прв тренер Илчо Јанев, потоа Лино Червар, Чави Пасквал, Талант Душебаев, Никола Карабатиќ, Филип Лазаров па се до неговите деца.

17 годишниот Гави им го помати умот на Швајцарците

Шпанија ја совлада Швајцарија на гости со 0:1, а тинејџерот на Барселона кој лани стана најмлад дебитант во историјата на шпанската репрезентација, одржа лекција како се изнесува топка од шеснаесетник во Роналдињо стил.

Грузија дрско и се одмазди на Македонија за финалето во Тбилиси

Македонската фудбалска репрезентација доби лекција на Градски со висок пораз од 0:3 и по само три кола е речиси без шанси за пласман на следното ЕП, барем не преку Лига на нации.

Кејн, Италија не оди на Светско

Фантастичниот англиски центарфор и со сигурност еден од Топ5 напаѓачи на светот, Хари Кејн против Германија (1:1) го постигна својот јубилеен 50. гол за Англија. На шпицот на Тотенхем му фалат уште 3 погодоци да го стигне Вејн Руни на вечната листа. И тоа Кејн 50 гола даде на 71 меч а Руни 53 на 120. Но друг ни беше муабетот.

Првата битка во ЛШ на 15 години, дружбите со коњакот и големите кризи во Битола

После првите ракометни чекори во Овче Поле, Кире Лазаров уште како тинејџер се соочил со големи предизвици во дресовите на Борец и Пелистер. Во Велес имал голема минутажа, на 15 години почувствувал меч против актуелен европски првак, ама навечер не водел спортски живот. Трансферот во Пелистер бил полн погодок и покрај тоа што на почеток греел клупа и вршел притисок дома, веднаш да му најдат друг клуб.

Ерменски репрезентативец гаѓаше судија со шише

За време на мечот од 2. коло во Лига Нации од група 1 во Група Б, Шкотите со 2-0 ја победија Ерменија. Бекот на гостите Арман Хованисјан се спаси од црвен картон а не доби ни жолт откако со шише за вода го гаѓаше линискиот судија зошто доцнел со кревање знаменце за офсајд.

Мајсторе, кошов ти е повисок, нешто си утнал

Пред почетокот на третиот меч од големото финале на НБА меѓу Бостон и Голден Стејт, гостите од Сан Франциско се пожалиле дека едниот кош бил повисок од другиот. Одлична им била забелешката зошто при мерењето се покажало дека едниот кош во „ТД Гарден“ стварно бил за 5 сантиметри повисок.

Против Грузија ја имаме најслатката историска победа на Македонија

Во сите три досегашни изданија на Лига на нации, ни се паѓаат Грузијците. На минатото на два пати одигравме 1:1, а на првото се судривме во финале, најважното во историјата, кога триото од Серија А им го испи мозокот во шеснаесетник, а Горан Пандев го исполни сонот наш од детство. Златен гол кој ќе остане во аналите и кој ќе го повторуваме додека постои сајтов.

Белгија ја понижи Полска со плејада на убави голови

Роберт Левандовски го отвори резултатот на гостувањето против Белгија и ги разлути домаќините кои одговорија со 6 парчиња. Три од нив се за издвојување, особено ремек делото на Леандро Тросард, кој не потсети на стилот на Луис Фиго.

15 години од „Божјата рака“, ама на Меси

Што имаат заедничко двајцата аргентински асови Меси и Марадона? Два гола кои не се забораваат. Прво му го ископира легендарниот слалом од пола терен, а потоа и недозволениот гол кој во тоа време без технологии, му беше признат. На Диего против Англија, а на Лео против Еспањол.

Ете има и такво нешто: Поради лажен извод од матично, Чиле сака да го исфрли Еквадор од Светско

ФИФА отворила истрага, има докази за лажирање документи, на ред е Еквадор да каже што има пред конечната одлука. А Еквадорците треба да го отворат Мундијалот со домаќинот Катар.

Како да го чуваш Стеф Кари?

Одбраната што Селтикс ја одиграа над најдобриот НБА шутер на сите времиња наликуваше на легендарниот фластер кој Тајрон Лу го имаше врз Алан Ајверсон во големото финале во 2011.

Воините немоќни, Селтикс води во големото НБА финале

Кошаркарите на Бостон Селтикс му зададоа нов удар на Голден Стејт Вориорс. Победија 116:100 во третиот меч од големото НБА финале и поведоа со 2-1 во серијата.

Кралски третман на Нант за Лазаров

Французите му се поклонија на Кире Лазаров и тоа буквално на кралски начин. Каква незаборавна ноќ за македонската ракометна легенда. Вакво нешто нема привилегија да доживее секој спортист.