
Рома освои титула која што ја чекаа со децении а Аргентинецот го легализираше митот за нескротлива деветка, бомбардер кој не може да се чува.
Батигол на крајот не освои многу трофеи. Но аурата на расен голгетер го следеше цела кариера. Габриел не беше техничар како Меси ниту многу вешт дриблер. Не правеше финти и дриблинзи. Но важеше за снажен сидраш, човек кој дава голови од каде никој не може.
ГОБ на 18 години почнал сериозно да се занимава со фудбал, на 19 дебитирал во аргентинска лига а на 22 го викнале во репрезентација и веднаш и донел титула на Аргентина.
Батистута беше најзаслужен што „гаучосите“ ја освоија Копа Америка во 1991-ва после цели 32 години чекање! Батигол постигна 6 гола на 6 меча меѓу кои и решавачкиот меч за титула со силните Колумбијци.
Година дена подоцна Аргентинците играа пријателски турнир во Јапонија. Батистута таму ги дал сите голови и станал најдобар стрелец. ФИФА подоцна го организирала првиот Куп на Конфедерации. Аргентинците славеле а Батигол ги постигнал победничките погодоци.
После пар години неговите голови веќе не беа изненадување. Батистута ги освои и навивачите во Серија А каде решеташе редовно а ја доби и секоја награда за најдобар играч на меѓународни турнири.
ВО 1993-ТА ПРВИОТ ТУРНИР НА КОЈ НЕ БИЛ ПРВ СТРЕЛЕЦ
Интересно на Копа Америка 1993-та Габриел дошол во одлична форма но најмногу голови тогаш дал Венецуалецот Долгета. Но Аргентина повторно ја освоила титулата по триумф во финалето.
Батигол ги дал двата гола во тешкото финале со Мексиканците (2:1). Првиот гол на овој дуел му е еден од најубавите и најдраги во кариерата.
На Мундијалот 1994-та година Батистута дојде со Аргентина како главни фаворити во борба за светската титула.
На првиот меч со Грците Батистута развали со три гола, еден од првите хет-трик настапи на некој играч за Аргентина. Во вториот дел од тој меч имал и асистенција, а во 1/8 финалето постигнал погодок и против тогаш сјајните Романци кои на крај славеа со Хаџи и ја пратија Аргентина дома.
Репрезентацијата подоцна ја презеде Даниел Пасарела и на класичната 9-ка му почнале проблемите. Пасарела почнал да глуми авторитет и побарал од Батистута да ја ишиша долгата коса. Најглуп можен „аргумент“. Батистута не сакал кратка коса и меѓу нив за малку не избил конфликт. Во 1995-та година Батистута повторно стана најдобар стрелец на Копа Америка и втор пат на Куп на Конфедерации. Но неговите голови не беа доволни за победи па селекторот изгубил верба во Габриел.
Аргентина испаднала од Копа Америка во четвртфинале во меч во кој „гаучосите“ воделе 2:1. Селекторот го извадил Батистута, ставил дефанзивен играч, но примиле гол и на крај испаднале на пенали. На Пасарела не му ја простиле таа грешка. Печатот го осудувал дека е најголем виновник, а бунт кренале и навивачите.
На крајот од 1996-та година Пасарела не го ни викнал снажниот голгетер и на Копа Америка заминал без него. Таму Аргентина имала 1 победа на 4 меча но Пасарела уште не добивал отказ. Дури и дал навредлива изјава пред Светското 1998-ма година на сметка на Батистута.
Во целиот хаос се вмешал и Марадона кој ја разгорел толпата и го принудиле селекторот како знае и умее да го стави Батистута на список.
Габриел постигна 7 гола на 7 подготвителни дуели пред Мундијалот. Во првото коло на Светското во Франција тој постигна погодок за триумф со Јапонците, во вториот дуел сам ги разнесе Јамајчаните и стана единствен играч во историјата кој имал два хет-трика на две Светски првенства!
Во нокаут фазата на СП 1998, Габриел продолжи како најдобар стрелец на турнирот. И постигна во осминафинале гол против Англија, најголемиот ривал и непријател на „гаучосите“ по головите на Марадона во Мексико.
Во Европа веќе се зборуваше дека Батистута заслужува „Златна топка“ за најдобар играч на светот. Но „гаучосите“ испаднаа во четвртфинале од Холандија иако и на тој меч ГОБ покажа класа но стативата го спречи да постигне нов прекрасен гол:
Со овие блескави настапи речиси да ја заврши кариерата во репрезентацијата на Аргентина. Во следните 4 години Габриел Батистуа одигра само 7 меча но постигна 7 гола. Ги пропушти сите големи турнири. Го стигнаа тешките повреди од кои, по сопствено признание, ден-денес се опоравува.
На Светското 2002 беше само бледа сенка од некогашниот страв и трепет за голманите. Иако постигна убав гол во триумфот од првото коло на тој Мундијал против Нигерија (1:0), Аргентинците испаднаа рано во групата.
33-годишниот Батистута после тоа Светско веќе не играше за Аргентина но стана најдобар стрелец во историјата на селекцијата (56 гола на 78 меча), учинок кој Меси подоцна го надмина и сега со 95 гола на 170 меча е убедлив рекордер. Батигол беше врвен стрелец со 55 погодоци на 78 средби.
После четвртфиналето со Холандија на Мундијалот 2022 кога Аргентина помина на пенали, Меси се израмни со Габриел Батистута по број на голови на Светски првенства - сега и двајцата имаат по 10. Со тоа што Батистута постигна 10 на 12 средби а Лео 10 на 24 меча на Мундијали низ годиниве.