Аргенцина имаше 2:0, водство кое изгледаше сосема доволно за победа уште во регуларниот дел од тензичната четвртфинална битка, но измената во 78-ма минута донесе трилер завршница.
Излезе Мемфис Депај, влезе Вут Вегхорст од Бешикташ и постигна два гола во 83-та и 111-та минута за неверојатни 2:2.
Лукавиот слободен удар кои го искомбинираа Холанѓаните беше изненадување за сите, освен не за двометрашот Вегхорст кој знаел и друг пат да приреди ваква неочекувана измама во шеснаесетник.
Слободниот удар кој го реализираше после едно додавање, го дал пред две години на мечот Волфсбург - Арминија Билефелд. Колку дрско, умно, а за него како рутинирано.
Инаку Вут Бегхорст има 144 настапи и 70 гола за германскиот прволигаш, а од таму се пресели во Барнли кој го една сезона го испрати на позајмица во Бешикташ.
Сезонава во Турција има постигна 6 гола на 14 настапи, а за Холандија настапува од 2018-та со просек од 19 меча и 5 гола. Висок е 197см.
Yo Soy Argentino: Нова драма на Светското, гаучосите по пенали во полуфинале!