Приказната за големиот Марцело Брозовиќ која ѝ ги стопли срцата на целата Македонија!
Хрватска ужива голема поддршка во нашата држава за време на Светското првенство. „Коцкестите“ се пласираа во полуфиналето, а еден од лидерите на тимот е Марцело Брозовиќ, човекот кој во минатото со еден гест покажа дека има големо срце.
Имено, на социјалните мрежи се собираа донации за С. Т. од Македонија, девојка која имаше проблеми со колковите и мораше да оди на операција. Потребни беа 3.000 евра, а оваа сума ја плати лично Брозовиќ!
Хрватот иако не ја познавал девојката, веднаш реагирал кога го видел апелот за помош на девојката на една од балканските страници на навивачи на Интер. Благодарение на Брозовиќ и неговиот хуман гест, таа живее нормален живот.
„Возбудена сум и пресреќна. Иако не следам фудбал и никогаш не сум слушнала за Брозовиќ, јас сум премногу благодарна за неговиот гест. Во секој случај, од моите пријатели дознав дека Брозовиќ е многу популарен и добар фудбалер, а сега докажа дека е и голем хуманитарец. Би сакала да му кажам дека ми го подобри животот со само еден потег“, изјави девојката од Скопје веднаш по информацијата дека фудбалерот донирал за неа.
Сигурно е дека сега и Брозовиќ и Хрватска имаат голема поддршка и од неа на ова Светско првенство во Катар...