Ја видовте ли најмилата фотографија од Корејците?

Јужна Кореја го направи едно од најголемите изненадувања на Светското откако после пресврт ја совлада Португалија со 2-1. На Корејците им требаше победа за да одат во следна рунда и ја остварија со гол дури во 90+1’ минута. Стрелец Хван Хи Чхан кој стана јунак и играч на мечот.

Хван Хи Чхан има 26 години.

Се прослави со победнички гол против Португалија на Светско првенство 2022 во Катар кога ги однесе Корејците во осминафинале со погодок во 90+1’ минута за 2-1. Заслужено ја доби наградата играч на мечот од ФИФА.

Откако испаднаа подоцна од Бразил, Корејците се вратиле дома, а Хван Чхан веднаш се упатил кај баба му и дедо му со цел да им ја подари наградата освоена на Мундијалот за мечот на кој израдува околу 50 милиони Јужно Корејци.

Хван Чхан игра за англиски Вулверхемптон а од родниот град Чунчон отишол да игра во познатиот клуб Пхохан Стилерс кој е петкратен првак на Корејската Кеј-лига.

Хван Чхан во 2015-та доаѓа во системот на Ред Бул Салцбург кој го праќа на неколку позајмици. Со овој клуб освоил четири титули. Од 2020-та играше за Ред Бул Лајпциг во германска Бундеслига.

Во летото 2021 Вулверхемптон го носи на позајмица и за „волците“ досега има 42 меча и 5 гола. 

12 декември 2022 - 14:22