Offside

Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович-Фокина дефинитивно е најмалерозниот спортист во последно време. Синоќа во финалето на турнирот во Вашингтон од серијата 250, Давидович-Фокина имаше три меч топки против Алекс де Минор но на крајот изгуби после три часа и пет минути тенис, 5:7, 6:1, 7:6.

Учи го својот син да биде како Рој Кин

Во некоја младинска школа за фудбал во Велика Британија, се раѓа новиот капитен на некој англиски премиерлигаш. Мали па браво!

Турците објавија снимка од пукањето на фудбалерот

Поранешниот член на Фенербахче, Бешикташ и Баер Леверкузен е во бегство 10 дена, а според последните информации, тој усмртил човек од друштво кое се враќало од пикник после банална расправија.

Преживеа скршеница на череп, едвај го спасија, се врати и даде гол во Премиер лига

Долго време важеше за еден од Топ 5 напаѓачи во врвната Премиер лига, но неговиот последен гол го постигна на 25 октомври 2020-та година, пред речиси 11 месеци.

Фудбалскиот цар на Кипар - Иван Тричковски

По којзнае кој пат низ годиниве, доскорешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски е меѓу водечките стрелци на Кипар. По 4 одиграни кола, неговиот АЕК Ларнака има 2 победи и 2 нерешени и со 8 бода е втор на табела. Од 5 постигнати гола на екипата, 4 даде нашиот центарфор кој во моментов е прв стрелец во лигата.

Ваков пенал во Шишево не е досуден

Во женскиот фудбал во Шведска, судија се надмина себе си во критериумите за тоа што е пенал. Одлуката е нереална и ова е срамота и на ВАР да се прегледува. Го досуди за градење топка.

Што знае стопер што се 40 метри?

Фудбалерот од Јужна Кореја, Парк Тае-со даде еврогол од 40 метри од слободен удар во фудбалската лига на Малезија. Овој гол може да влезе меѓу кандидатите за наградата Пушкаш. Тае постигна страшен погодок за својот клуб Сабах и израмни на 1-1 на мечот против Петалинг Џаја Сити во Купот на Малезија.

Сите од таму нафрлаат, тој во гол ја смести

22 годишниот Енес Алиќ од БиХ, изминатово коло ги засени сите стрелци на голчишта. На мечот Домжале - Марибор 3:3, нејасно е дали ја дигаше или гаѓаше во гол. Уште 100 пати да се обиде, нема да му успее ова.

Ти на мене црвен картон, јас на тебе бокс

И Италијанците имаат лиги кои може да ги сместиме во селски фудбал. Видеово е доказ дека безредието во најниските рангови го има и надвор од Балканот. Насилен ќељавко му демонстрира сила на млад и немоќен судија. Класика.

Навивачка на Интер за која годините се само бројка

Одлуката за оваа сезона да се игра со навивачи, некаде лимитирано, на други места со целосен капацитет, не е радост само за ултрасите. 84 годишната Џанкарла не пропушта меч на Меаца од пред времето на Дарко Панчев.

Не постои утеха за ваков кикс на соиграчот на Јаховиќ

Гезтепе имаше предност од 0:1 на гостувањето против Галатасарај, но на стартот од вториот дел Ирфан Џан Ерибајат интервенираше несмасно при еден удар од далеку, кој треба да е локум топка за секој голман. Седум минути подоцна прими уште еден гол за пресврт и победа на домаќините од 2:1.

Православниот верник кој го урна Џошуа пред 65.000 противнички навивачи и стана светски шампион

Александар Усик (34) е нов светски крал на боксот во тешка категорија според верзиите WBA, WBO, IBF и IBO.

Аспликуета и Грилиш играа долга магарица

Габриел Жезус го реши дербито на колото во Премиер лига и му донесе големи 3 бода на својот тим на Стемфорд Бриџ. Најчудниот дуел на мечот го имаа Аспликуета и Грилиш.

Најубав момент на колото: Играчите на Фулам прославија гол со дете со церебрална парализа

Малиот Рис е инспирација за сите во клубот, а скоро го ставиле и во составот на сајтот на Фулам.

Шампионот Александар ќе ви покаже како се пие пиво од влечки

Мислевме дека главната дебата за вкусот на пивото е дали е послатко од флаша или од лименка, ама Александар Волкановски по одбраната на титулата во УФЦ демонстрираше нова методологија.

Тренерот на Лацио со орлица на рака ја прослави победата против Рома

Во големото римско дерби Лацио со 3:2 ја совлада Рома а бјанкочелестите знаеа да ја прослават победата. Тренерот Маурицио Сари ја сподели среќата со фамозната орлица - грб и симбол на фудбалскиот клуб Лацио на стадионот „Олимпико“.

Бисерот на Барселона Фати не играше 323 дена, влезе и одма даде гол

Најголемиот бисер на Барселона и новата надеж, Ансу Фати пропушти скоро година дена надвор од теренот, па откако конечно се врати во екипата блесна и најави поубави денови за Каталонците.

Гол во Англија за кој се збори на големо

Мечот Ипсвич - Шефилд Венздеј од англиската Лига 1 заврши нерешено 1-1, а веќе два дена се зборува за еден момент од од овој дуел. Во 90-та минута домашните во самиот финиш израмнија со гол на шпицот Меколи Бон кој вешто го сочека гостинскиот голман Пикок Фарел.

Каде бе дете? 20 трофеи имам со Барселона

34 години за фудбалер и не се многу ако се викаш Педро. Славниот шпански фудбалер кој можеше без размислување да оди во пензија, после тие неповторливи успеси со Меси и другарите.

Пенал каков што никогаш не сте виделе

На дуелот меѓу У-2О тимовите на бразилски Форталеза и Васко Да Гама, гостите славеа 0-2. Вториот гол во 90+8’ минута од судиско продолжение го дал Каио Едуардо од пенал. Погледнете каков.

Дрски боречки зафати во дански фудбал и норвешки ракомет

Ова во Данска е потег без памет и повеќе оди накај теквондо, плус голманот веќе ја имаше топката в раце. На ракометен меч пак во Норвешка, се случи класично борење.

Двата гола на Милан Ристовски кој е прв стрелец во Словачка

На 10 дена до репрезентативните обврски, македонскиот напаѓач покажува добра голгетерска форма откако викендов стрелаше со два комада.

Уличарски однос на Ѕаниоло на римското дерби

Рома тешко го прифати поразот од Лацио 3:2 во вечното дерби. Жозе Мурињо се вадеше на судиите и не се појави на прес конференцијата после мечот, а пак Николо Ѕаниоло фрустрациите ги истури со срамен гест наменет кон навивачите на Лацио.

Кевин Њокас во ултрас издание со Комити

Едвај две недели има откако направи трансфер од Металург во Вардар, а веќе ги воодушеви навивачите и со вакви гестови им станува миленик. Њокас блесна против Мешков Брест со 8 од 8, а вечерва во дербито против Пелистер навиваше и скокаше од трибина како прав навивач.

Пандев му асистираше на Дестро, а овој со шише в рака даде гол

Џенова и Верона одиграа луд натпревар со 6 гола и без победник. Горан Пандев влезе во второто полувреме и помогна неговиот тим да направи пресврт од 0:2 на 3:2 и тоа за 8 минути од 77-ма до 85-та минута. На третиот гол запиша асистенција до Матиа Дестро кој трчаше како на штафета и успеа атрактивно да ја заврши акцијата. Гостите израмнија преку Калиниќ во судиското продолжение.