
Во претходните две сезони Хименез беше прв шпиц на големото изненадување Вулверхемптон. Но на блескавиот пат го спречи тешката повреда - прелом, скршеница на черепот.
Во ноември 2020-та година Мексиканецот Раул Хименез доживеа страшен судир со Давид Луиз на меч со Арсенал. Бразилецот веднаш се врати на терен а Хименез итно беше хоспитализиран и пратен на операција.
Центарфорот на Вувлс после изесно време бил пуштен од болница но повеќе од пола година не тренирал заедно со групата. Почнал со лесни тренинзи дури во јули годинава. Клубот не сакал да избрзува со негово враќање а некои доктори предупредувале дека треба уште да одмара, па Хименез почна да се спрема за оваа сезона.
Од тогаш до денес тренира и игра само со заштитна трака околу главата.
„Местото кај скршеницата зарасна добро. Он ќе носи заштитна трака за да ја заштити зоната кај повредената коска, до крајот на својата кариера. Спремен е да игра со таа заштита“, изјавил летово докторот на Вулвс, Мет Пери.
Опоравокот од повреда на черепот, како на пример потрес на мозокот може да потрае со недели или месеци за целосно опоравуање. Понекогаш черепно-мозочните повреди имаат и долгорочни последици. Среќа е што Раул Хименез веќе се чувствува добро и е одлично опоравен.
Шпицот на Вулверхемптон нема драстични последици а веќе се врати на теренот, таму каде што најмногу сака да биде, но сепак потребна му е голема претпазливост.
Заштитната трака која што ја носи треба да го заштити од опасни и силни дуели и контакти.
„Докторите и хирурзите уште од прв момент ми кажаа за тоа што се случило и за ризиците. Понекогаш не сакам да ги слушам ама тоа е нивна работа. Ми кажаа дека е чудо што се случило. Коската била скршена а во мозокот имало истечена крв. Затоа операцијата морала да биде изведена брзо, докторите завршија многу голема работа. Секогаш ме поддржуваа. Опоравокот од скршеницата на черепот траеше малку подолго отколку што сите очекувавме, и стварно е што што сум овде со вас“, изјави Хименез.
Тој го даде првиот гол после повредата и тоа фантастичен погодок и најави нова голгетерска форма: