Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Роналдо за Меси и плановите за пензија

Излезе и вториот дел од интервјуто на Роналдо кој предизвика многу реакции, посебно на островот. За Меси има само пофални зборови и го нарекува магичен. 

Милевски нервозен тргна да се кара со навивач

По ремито 1:1 против Финска, меч на кој Македонија извади нерешен резултат од пенал, селекторот Боби Милевски лут и наапан му се сипа на навивач, кој најверојатно му довикувал незадоволен од резултатите во последно време.

Како Јапонци нарачувале ќебапи на Мундијалот во Германија?

Одиме со нова интересна случка од втората емисија „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински. Повторно раскажува Саша Ќириќ, а се однесува на СП 2006.

Далиќ одбил 30 милиони евра од патриотски причини

„Реков дека нема да ја напуштам репрезентацијата, бидејќи таа е мој народ и моја земја“.

Се запознаваме со Група Б на Светско првенство: Англија, Иран, САД, Велс

Продолжуваме да ги изучуваме репрезентациите кои во Катар ќе се борат на Светското првенство. Групата Б важи за една од најжестоките, во секоја смисла.

Гледачите зачудени: снукер погодок еден во милион

Најдобрите снукер играчи во моментов играат на Отвореното првенство на Велика Британија каде се комплетира четвртфиналето. Кајрон Вилсон не извади карта за таа фаза зошто изгуби од Марк Ален со 6:3 но Вилсон ќе се памет по најчудниот и најневеројаниот потег на целиот турнир. Гледачите беа во чудо.

Екселот за СП Катар 2022

Летно, зимско, ние продолжуваме со нашата, сега веќе 10 годишна традиција, да ви правиме занимација плус за време на големите фудбалски натпреварувања како што се Светско и Европско.

Пробаа и селекторот на Иран да го вовлечат во политика, ама културно им спушти

Додека од разни страни траат обиди да се исполитизира Светското првенство во Катар, еден новинар на англискиот Скај Спорт го прашува Португалецот Карлош Кеирош дали е тој океј со тоа да претставува земја „во која жените немаат никакви права“.

Ако Ди Марија по утро се познава, за Аргентина нема зима

Врвниот крилен напаѓач се врати од повреда, влегол во добар ритам а сега покажа и дека е комплетно спремен за Светско првенство. Аргентинците на последната генералка пред Мундијалот, со 0-5 го совладаа ОАЕ. Ди Марија даде два гола од кои едниот му беше од страшен волеј. По гол дадоа уште и Хулиан Алварез, Меси и Хоакин Кореа.

Зошто Манчестер Јунајтед го извади огромниот постер од Роналдо на Олд Трафорд?

Специфични, доста специфични денови за Кристијано Роналдо, ама и за медиумите, кои лесно знаат да се насанкаат на фотка или клип, кои на прва сугерираат дека сега сите се против португалската ѕвезда.

Албанците изведоа слободен удар против Италија како прв пат да играат фудбал

Смешна ситуација на пријателската меѓу Албанија и Италија која се одигра во Тирана. Домаќините губат 1:3, па уште и изведуваат слободен удар во спротивен правец. Еден од дефанзивците дремеше и ја гледаше топката, а другиов со раце му гестикулираше дека треба да оди по неа. Италијанците од истата акција малку фалеше да зголемат и на 1:4.

Комити од Тумбе Кафе го најавија спектаклот во Скопје, реагираа и Чкембари

Навивачите на Вардар следната недела имаат јубилеен роденден кој ќе го прослават за време на македонско босанска пријателска пресметка. Ривалите се пофалија со нивниот транспарент.

Ѕвезда на Реал Мадрид се појави во Борис Трајковски на ракомет

Ракометното Европското првенство за жени во Македонија, како една од трите земји организатори, на трибините донесе големо фудбалско име.

Страшен состав од топ 11 играчи кои ќе бидат гледачи на Светското

Прво и основно, ќе го нема норвешкото чудо кое растура за Сити, бидејќи Норвешка не се пласираше, а со истата судбина се соочува и еден Салах. Малер ги стегна повредените Канте, Погба и Жота, а звучни имиња како Де Хеа и Фирмино не добија шанса. Тимов вреди скоро 500 милиони евра.

Излезе и новата реклама на Најк за Светско 2022

Обид за експеримент во кој се спојуваат минатото и иднината. Разни се коментарите по оваа најнова реклама на гигантот Најк. Некому е одлична, некој вика дека онаа на Адидас е подобра.

Се запознаваме со група А на Светско 2022: Катар, Еквадор, Сенегал, Холандија

На само неколку дена пред стартот на долгоочекуваното Светско првенство, ќе се обидеме поблизу да ви ги претставиме сите селекции кои ќе се борат во Катар. Почнуваме, азбучно, со групата А која е прилично интересна.

Што било убаво кога на судија му се затворени џеповите

Во Чиле имало многу комична епизода. На дуелот меѓу Универзидад де Консепсион i Сантијаго Вондерерс (1:1), гостинскиот фудбалер Лукас Кепеда куртули од жолт картон зошто судијата Матиас Квила не можеше да го октопча џепот.

Каква чест му има направено Нирнберг на Саша Кириќ?

Од втората емисија „Тоа е фудбалот“ со Златко Калински издвојуваме јака сторија поврзана со Саша Ќириќ во Германија, како и смешка со легендата Андон Дончевски од мечот Шпанија - Македонија. Во Нирнберг постои улица по име Скопје.

Лудата тројка на Лука Дончиќ која крена 20.000 луѓе на нозе

Во дербито на вечерта, Далас Маверикс после пресврт со 103:101 го совладаа Лос Анџелес Клиперс. Лука Дончиќ одигра уште еден сјаен дуел со 35 поени, 11 скока и 5 асистенции. Имаше 11/22 од игра, 9/17 за два поени и 2/5 за три. Запиша и по 3 украдени и загубени топки за 39 минути. Ова му беше 11 од 13 меча сезонава на кои постигна по најмалку 30 поени.

Ѓоковиќ тренираше со син му и ќерка му во Торино

Тара има 5 години а Стефан има 8 години. И двајцата деновиве се во Торино каде на Завршниот мастерс на најдобри светски тенисери го следат татко им кој оствари две победи на првите два меча.

Царот кој купил пиво од сите 32 земји учеснички на Светско - кое е најдобро?

Еден пивски крал кој на Твитер се појавува под никот @ballstothis (судејќи по името на профилот, го викаат Гас), е најспремниот навивач на свет пред Мундијалот 2022. Тој на разно-разни начини успеал да купи 32 шишиња пиво од сите 32 земји чии репрезентации ќе играат во Катар.

Видеото со Роналдо и Кансело во подолга верзија

Жоао Кансело за време на тренингот на Португалија изгледаше како да му е лут на Роналдо, ситуација која вчера сугерираше на контроверзното интервју. Но се појави подолго видео на кое изгледа како Роналдо да сака да се пошегува и да го смири после дуелот кој играчот на Сити го загуби и ја рогна топка во нервоза.