Волеј каков што може да изведе само Андре-Пјер Жињак

Во шестото коло од мексиканското првенство, во тамошно дерби меѓу Тигрес УАНЛЛ и Пумас УНАМ, домаќините победиле 4-2. Два погодоци за домашните дал кој друг ако не ветеранот Андре-Пјер Жињак во 44’ минута од пенал и во 90’ за конечен резултат. Волеј каков што само тој може да погоди.

Огромни заслуги за евроголот носи и асистентот Себастијан Кордова:

37-годишниот Французин веќе има 5 гола и 2 асистенции после само шест меча сезонава. Жињак игра веќе осма година во Мексико каде одлично му легна лигата, средината и амбиентот па секоја сезона е меѓу најдобрите стрелци.

Кариерата ја почна во Лориен (51 меч/11 гола), играше уште и во Пау (18/8), Тулуз (100/35), Марсеј 155 (59) и сега во Тигрес УАНЛ (280/159).

13 февруари 2023 - 10:09