Херман Кано е 36-годишен Аргентинец кој игра во Бразил, за Флуминенсе. Минатата сезона бил убедливо најдобар стрелец и ја добил „златната копачка“ со 26 гола. Сега на мечот против Васко да Гама дал два погодоци. Првиот во 69-та минута, а вториот во 90+6’ минута од судиското продолжение кога со еврогол ги поставил конечните 2-0.