Турција преживеала ваков страшен земјотрес во 1999-та, а љубовта кон еден клуб била поголема од сè

Земјотресите на истокот од Турција беа најразорни во последните дваесетина години. Ги споредуваат со страшната катастрофа од 1999-та кога разрушен бил градот Измит. Оваа трагедија тогаш, како и последните земјотреси од пред неколку дена се одразија многу и на светот на спортот.

Измит (не Измир на брегот на Егејско море) е град во азискиот дел на Турција, на 90 километри од Истанбул. Во овој голем индустриски центар во ’90-те години живееле 250.000 луѓе. Во 2000-те години населението се намалило до 200.000. Причина за тоа биле страшните разорни земјотреси на 17 август 1999-та.

Тогаш земјотресот траел помалку временски од овие последните, но бил еднакво голема катастрофа за целата земја.

Земјотресот се случил тогаш среде ноќ (сега на истокот бил во 4 наутро по локално време). Во тој разорен земјотрес во 1999-та луѓе не успеале ниту да се разбудат за да избегаат и наеднаш биле под урнатини.

Тогаш земјотресот со магнитуда 7,6 степени уништил цели квартали, а многу домови биле дорушени подоцна од таканаречените афтершокови (повеќе помали потреси). Овој земјотрес го погодил не само Измит туку и Истанбул. Во најголемиот турски град загинале илјадници луѓе.

Според официјалните податоци, жртви од земјотресот во 1999-та биле околу 17.000 лица, иако оваа бројка често ја нарекуваат и намалена. Тој август бил пеколно топол температурно, па со катастрофалните санитарни услови се рашириле и многу болести, па луѓе не умирале само под слоевите бетон и арматура. Десетина лица загинале и како последица на цунами предизвикан од земјотресот.

Во Мраморното море се кренале триметарски бранови кои ја прекриле цела воено-морска база, уништиле пристаниште и крајбрежни домови. Се случил и силен пожар во објектот на нафтно-преработувачки завод. Еден од резервоарите течел и горел па го гаснеле цели пет дена.

ГЛАВНИОТ ФУДБАЛСКИ КЛУБ ОД ГРАДОТ ИЗМИТ ЗА МАЛКУ НЕ СТАНАЛ ШАМПИОН ВЕДНАШ ПО ПЛАСМАН ВО ПРВА ЛИГА

Во 1999-те години гордост на Измит станал клубот Коџалелиспор. Се појавил во 1966-та година, а после 14 години за првпат се пробиле до највисоката и најдобра лига каде најмногу достигнале до седмо место, па набрзо испаднале.

Во 1992-ра Коџаелиспор повторно се искачил во најдобрата лига и тогаш станал една од најголемите сензации во првенството на Турција. Долго време биле први на табела, но не издржале до крај. На последните пет меча победиле само еднаш поради што паднале на четврто место, а до трета позиција ги делел еден бод.

Подоцна се испоставило дека таа пропуштена историска шанса за шампионска титула не била случајност или резултат на грешки, туку предавство.

Во летото 1993-та одличниот центарфор Билент Ујгун преминал од Коџаелиспор во Фенербахче и станал најдобар стрелец во лигата. Тој подоцна раскажал дека за време на претходната сезона кај најдобрите играчи од екипата се обратиле топ клубовите од Турција. Им нуделе топ договори но само под услов да се чуваат на терен и да не допуштат да се повредат.

За првиот трофеј во клупската историја Коџаелиспор чекал уште четири години. Во 1997-ма го освоиле Купот на Турција откако во финале го победиле силниот Трабзонспор. Меѓу најважните играчи во тимот биле романскиот голман Думитру Стингачу кој имал многу освоени пехари меѓу кои и оној од Куп на европски шампиони со Стеауа во 1986-та и попознатиот Дан Петреску.

ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ КЛУБОТ ЗАПАДНАЛ ВО КРИЗА, А ПОТОА ПАДНАЛЕ ДО АМАТЕРСКА ЛИГА, НО И ТАМУ ГИ ГЛЕДАЛЕ ПО 20.000 ГЛЕДАЧИ

Во сезоната 1998/1999 навивачите на Измит одново почнале да сонуваат пехари зошто клубот се борел на самиот врв но на крај завршиле петти. Во јули таа година Коџаелиспор се борел за пласман во Куп на УЕФА преку Интертото Куп но изгубил од германски Дујзбург. Во август се случил разорниот земјотрес кој силно ја погодил целата земја што директно што индиректно.

До земјотресот во првенството се одиграле две кола од новата сезона. Коџаелиспор одиграл нерешено со Ѓезтепе и со Фенербахче. Третиот меч го играле дури во септември. Поради катастрофалните последици од земјотресите, лигата се одложила на три недели.

Стадионот во Измит не настрадал многу силно, но не било безбедно да се игра таму, па на управата и дале предлог клубот да се повлече од натпреварување со задржување на правото за прволигашки фудбал во иднина кога ќе стекнат услови. Но управата на Коџаелиспор одлучно ја одбила оваа идеја.

Во тоа време градоначалник на градот Измит бил и претседател на Коџаелиспор - Мехмет Сефа Сирмен. Успесите на тимот и политичката кариера секогаш му биле поврзани. Тој го презел Коџаелиспор во 1989-та година, а после четири години го избрале за градоначалник на градот.

Тој сфатил дека ако екипата повторно испадне од лига поради земјотресот, а играчите се разбегаат, ќе мора клубот одново да се крева од почеток.

Сакал преку фудбалот да им ги одвлече на луѓето мислите на последиците од земјотресот. „Ние не ја напуштаме лигата, зошто на жителите на Измит им требаат среќни моменти. А тоа сега може да им го подарат натпревари на Коџаелиспор“, рекол градоначалникот.

Но не било баш така. Тимот потфрлил во есенскиот дел од сезоната и бил во долниот дел од табелата на крајот од полусезоната. На ова влијаел одливот на лидери: се случило токму тоа од што Мехмет Сирмен се плашел. Лигата им дозволила на играчите еднострано да го раскинат договорот со клубот.

На пример Коџаелиспор го напуштиле најдобрите играчи, одбранбениот фудбалер и репрезентативец Мерт Коркмаз, потоа одличниот техничар Зеки Онатли кој играл за Коџаели во текот на цели ’90-ти години.

Но Коџаелиспор до јануари месец таа сезона сите натпревари ги играл строго на гостувања. Иако играчите имале симпатии во местата каде играле, поддршката од трибините не била доволна за добри резултати.

Тимот се спасил од испаѓање кога се вратил на својот матичен, роден стадион. Во втората полусезона имале повеќе домашни натпревари, па Коџаелиспор се искачил на 12. место.

Во 2002-ра година клубот по втор пат го освоил Купот на Турција, но после некоја година испаднал од Суперлига. Мехмет Сирмен ја напуштил претседателската позиција и на клубот му оставиле во наследство не баш мали долгови.

Веќе по крајот на првата деценија од 2000-те, долговите пораснале до 100 милиони долари па Коџаелиспор добил забрана да купува нови играчи. Со клубот извесно време сочувствувале навивачите на другите тимови, но после неколку сезони сите спонзори и покровители се тргнале од овој клуб.

Во 2011-та во базата им биле исклучени дури и струја и вода. До тогаш клубот играл во трета лига, а две години подоцна испаднал во четвфрта, за да во 2014-та заврши во аматерска регионална лига. 

Цел Измит и натаму навивал за Коџаелиспор па се случувало во 2014-та и следните години во аматерска лига на големиот стадион да има и по 21.000 гледачи. После четири години бил изграден нов и модерен стадион во градот и тој бил редовно исполнет.

Во март 2020-та (пред локдаунот) на натпревари на Коџаелиспор доаѓале и по 28.000 гледачи во трета лига. 

Клубот никако не можел да се справи со долговите, па затоа често го казнувале со одземање бодови, а забраната за регистрација на нови фудбалери уште не ја симнале. Тогаш навивачите организирале кампања за собирање средства на интернет и барале помош од други клубови.

Адана Демирспор и Сиваспор решиле дел од средствата од продадени карти да ги даваат за спас на Коџаелиспор. Во знак на благодарност за тоа, навивачите често носеле шалови од клубовите-донори. Во 2019-та ги покриле долговите и конечно им ја тргнале забраната за регистрација на професионални фудбалери.

Забраната траела цели 10 години што е негативен рекорд во светот на фудбалот. За волја на вистината, успехот од ’90-те години уште е мисловна именка за клубот, но добро е што се стабилизирале и се на нозе. Минатата сезона се вратија во Суперлига но брзо испаднаа.

Прочитајте уште и:

Млад навивач на Фенербахче спасен после 119 часа под урнатини

13 февруари 2023 - 09:48