Еден од гостите на Сан Ремо викендов беше 10 годишниот Марио Ди Лева, инаку актер роден во Неапол, како и навивач на Наполи.
Самоуверен и горд на табелата во Серија А, на славниот водител и навивач на Интер му влегува со следниов муабет:
„Ладно ли е на минус 13?“
Амадеус се скамени, потоа се изнасмеа, исто како и публиката, доби дрес од Марио, а потоа му одговори со наполитански дијалект „Да, ладно е на минус 13.
Бодовната разлика синоќа се зголеми од 13 на 16 и таква ќе остане ако во случај Интер вечер загуби од Сампдорија.
Марио е хит на социјалните мрежи. На ова видео се гледа дека фудбалскиот разговор го почнува Амадеус кој му се фали на Марио дека Интер е единствениот тим кој успеал сезонава да го победи Наполи, по што следува студен туш.
Од неговото гостување на Сан Ремо се воодушевил и газда Аурелио Де Лаурентис кој го поканил да му биде специјален гостин на синоќешниот меч Наполи - Кремонезе.
На клипов се гледа како се радува, седнат до него.
Потоа добил и дрес потпишан од Елмас и другарите.
📌 Mario Di Leva, nel pre partita di #NapoliCremonese, ha ricevuto dal Presidente @ADeLaurentiis e da Mister Spalletti la maglia autografata da tutta la squadra! pic.twitter.com/IJaxcofCRd
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) February 12, 2023