Алегри во расправија со фрустрирани навивачи

Јувентус минува низ тежок период. По казната за финансиски малверзации на управата поради што им беа одземени бодови, Јувентус речиси извесно може да остане без еврокуп следната сезона. Бјанконерите во неделата ја совладаа Фиорентина 1-0 со голот на Адриен Рабио, а тренерот Алегри се расправаше со навивачи кои исвиркувале домашни играчи.

„Сите фудбалери се дел од Јувентус и подеднакво ни требаат. Не сакам кога луѓе доаѓаат на стадион спремни да исвиркуваат или навредуваат некој фудбалер. Тоа е непочит, јасно ми е некој да исвиркува откако ќе имаме лош резултат, но не и за време на дуелот“, изјави Алегри.

12 февруари 2023 - 21:36