
Црногорскиот репрезентативец Стефан Савиќ на мечот Селта Виго - Атлетико Мадрид го доби третиот црвен картон на последните пет меча.
Сите во 2023-та.
Стоперот во тимот на Диего Симеоне има повеќе црвени картони отколку цели екипи во шпанска Ла Лига.
На 8 јануари Савиќ го доби првото исклучување во серија. На дербито со Барселона со право доби црвен картон поради жестоката борба на раб на тепачка со Феран Торес. Заслужено и двајцата беа казнети по три меча.
Се врати после 10 дена и на 18-ти јануари одигра 90 минути со Леванте во Купот на Шпанија.
На 26 јануари против Реал Мадрид во Купот кога Атлетико водеше речиси цел меч со голот на Мората а Реал во самиот финиш израмни па мечот отиде во продолженија, Стефан Савиќ доби два жолти картони и црвен во 99’ минута од продолженијата.
На 4 февруари пак беше „мирен“ и 90 минути не доби црвен картон но на 12 февруари поради груби стартови заслужено беше исклучен од игра.
„Се трудиме да победиме на секој меч. Секој од нас носи одговорност за резултатот. Одлуките ги носи судијата и тој вели дека се е чисто. Повеќе муабети нема ништо да сменат на темата. Савиќ се бори во секој момент. Не се грижам многу по тој повод“, изјавил капитенот Коке.
Лани некогашниот фудбалер на белградски Партизан, Фиорентина и Манчестер Сити, беше во центарот на внимание откако за коса го влечеше Џек Грилиш од Сити во Лига на шампиони.
„Сакам да дадам максимум за екипата. Зошто би излегувал на терен ако не се дадам во целост? Фудбалот за мене е емоција. Никогаш нема да бидам обичен статист. Некој ќе каже дека треба да се биде воздржан, но тоа е борба. Атлетико одлични ми одговара на тој план. Даваме на терен се што можеме“, рекол Савиќ за Марка.
Интересно многумина сметаат дека ваквиот груб и агресивен пристап на Атлетико е резултат само на Диего Симеоне, но клубот од Мадрид игра џентлменски за свои мерки. Имаат „само“ пет црвени картони за 21 меч во Ла Лига, а два од нив ги добил Стефан Савиќ.
САВИЌ НЕ Е НАЈГОЛЕМ „ХУЛИГАН“ ВО ЛА ЛИГА, ИМА ЕДЕН ПОЛУД БРАЗИЛЕЦ
Верувале или не, во Ла Лига сезонава постои играч кој е исклучуван повеќе дури и од Стефан Савиќ (замислете тоа).
Бекот на Бетис, Луис Фелипе добил три црвени картони за 11 меча во Ла Лига. Во октомври добил црвен против Селта и го налутил тренерот Мануел Пелегрини кој за малку не го избркал од првиот тим. На крајот од минатата година, во 96-та минута од еден дуел добил нов црвен картон. Пелегрини рекол дека ќе одржи воспитувачки разговор со фудбалерот. После месец дена Бразилецот доби нов црвен картон.