Offside

Милан влезе во криза во најважниот дел од сезоната. Примија 5 парчиња од Аталанта и Сасуоло. Им виси ЛШ.

Дембеле со еден потег го укова Павард во место

Осман Дембеле важи за еден од најбрзите фудбалери на денешницата. И не само, туку се работи и за заебан дриблер. Тоа добро го знае и неговиот сонародник Бенџамин Павард, кој остана закован со две нозе и се откажа од дуелот.

Навивач на Ајнтрахт Франкфурт скокна во море за да избегне ќотек во Марсеј

По крвавите нереди на мечот Ница - Келн минатата недела во Лига Конференции, француската полиција имаше работа како што немала од Европското 2016-та. Во Марсеј, град познат по озлогласени криминални банди и хулигани, стигна армијата на Ајнтрахт Франкфурт. Во број од преку 5.000 од кои пола без карти, Германците во Марсеј имаа жесток пречек.

Двете големи утки на Педри и Левандовски

Барселона синоќа ги имаше најзрелите шанси на Алијанц арена, но победата оди кај Баерн. Двете најсериозни прилики од неколкуте се на Левандовски и Педри, особено онаа на 19 годишникот кој не смееше да пропушти ваква прилика еден на еден со голман.

Лука Дончиќ од тротоар

Во пресрет на четвртфиналето Словенија - Полска вечерва од 20:30, најдовме клонирана верзија на Дончиќ во Њујорк.

Навивачите на Баерн пецнаа за Кралицата и фудбалот

Баерн Минхен ја доби дерби пресметката против Барселона, а германските навивачи испратија порака до УЕФА која се однесува на одложувањата на натпреварите поради смртта на Елизабета.

Прекрасен пречек за Левандовски во Минхен

Повеќе од шеесет илјади гледачи на Алијанц Арена во Минхен вечерва ја пречекаа клупската легенда Роберт Левандовски на прекрасен начин, со громогласни аплаузи и скандирања. Полјакот влезе во историјата на Баерн како еден од најдобрите стрелци пред летово да замине во Барселона каде продолжи да решета.

Баерн за четири минути ја скроти Барселона, а Леверкузен за две минути Атлетико

Второто коло во Лига на шампиони беше вечер на голови во кратки интервали. Баерн, Баер Леверкузен и Спортинг Лисабон буквално во 3 до 4 минути ги решија своите ривали со по два гола. Клуб Бриж направи големо изненадување откако со 0-4 го растури Порто на гости.

Јунакот на Италија откри колку пари потрошиле од картичката на селекторот

Селекторот на Италија Џанмарко Поцеко дефинитивно е прав шоумен. А играчите играат по неговите ноти и се забавуваат во комплетна слобода.

Навивач распали со золја на игралиште во хрватска лига

Минатиот викенд на меч меѓу Плитвице и Соколац кои се натпреваруваат во пониските хрватски лиги, некој навивач, веројатно презаситен од бакљи и топовски удари, реши да ги помести границите на навивачката сцена. Гранатата падна на само пар метри од играчите.

Дај да пафнеме, поопуштено судам така

Ние ви должиме инфо за утакмицава на кој жив е фатен судијава во офсајд, а тој по некој дим на помошниците. И тие се судии, стегнати ли да судат?

Најатрактивните 10 поени на Алкараз на УС опен

Сè чини дека доаѓа нова ера во тенисот со шпанската фурија Карлос Алкараз. Цунами кое ги збриша сите противници на УС опен, го освои првиот Гренд слем во кариерата на само 19 години и стана најмлад во историјата на врвот на АТП. Според ова што го прикажува, детево најавува сериозна кариера. Погледнете ја оваа брзина и енергија. Нема што не стигна.

Искрена исповед на Франческо Тоти: „Скршен сум, ме држат моите романисти“

Легендата на светскиот фудбал, 10-ка каква веќе нема во модерниот фудбал, некое време е на насловните страни во многу медиуми од нефудбалски причини. Сите пишуваат детали за неговиот растурен брак со познатата тв ѕвезда Илари Блази со која имаат три деца.

Шмекот на италијанска втора лига

Хајлајтс, најубави голови од 5-то коло на италијанската Серија Б. Имаат преубав шмек екипите, стадионите, автентичноста.

Неверојатни ножички за еврогол во полска лига

Во 9. коло од полската Екстракласа, Јагелонија со 4-0 го доби Стал. По два гола дадоа Хесус Имаз и Марк Гуал а првиот постигна неверојатен погодок со ножички. Гол на месецот во Полска.

Диего Коста со волци претставен во Вулвс: „Се преплашив“

Бразилецот кој настапуваше за репрезентацијата на Шпанија и помина еден куп разни клубови ширум Европа сега како ветеран доаѓа во Вулвехремптон како замена за повредениот прв шпиц Саша Калајџиќ. Коста на промоцијата се претстави со волци со ланци.

Кај му влезе како крамањонец со две нозе, па уште се прави како ништо да не било

Мец и Генгамп одиграа необичен меч во француската втора лига кој заврши 3:6 и тоа после водство на домаќините од 3:1 по само 16 минути игра. Мец доби три црвени картони, а Генгамп два пенали. Еден од црвените е за овој нечовечен лизгачки старт.

Италијанскиот селектор даваше изјава на англиски па сврте на српска пцовка

Каков лик е овој Поцеко. Задишан од преголемата возбуда која не успеа да ја исконтролира после сензацијата против Србија, даваше изјава за српски медиум. На сред зборување прво имаш: Не, не, не, не, не, а потоа за Даниловиќ рече: брате, врло брате, за на крај онака симпатично да ја изусти нашата најдобро позната пцовка.

Голчиште и асистенција на Дибала со неприкосновената левица

Рома доби светска класа на напаѓач кој со два потези решава натпревар. На гостувањето против Емполи каде славеа со 1:2, Пауло Дибала постигна еврогол кој не се брани, а потоа му ја даде на Абрахам на тацна за победа.

Тука сум љубави, без гајле

За малку помисливме дека на УС опен има уште една многу жедна госпоѓа со врвни пивски капацитети, ама во овој пример другачије се одвиваа работите.

Врвното градско дерби на Романија во втора лига

Заспаните гиганти не забораваат на ривалството па и во втора лига направија голема фешта.

Како Теодосиќ сам ги здроби Словенците и ја однесе Србија во финале

Европското првенство 2009-та, полуфинале меѓу Србија и Словенија. Драматичен двобој со продолженија на кој може да се види еден од најјаките репрезентативни перформанси на Милош Теодосиќ кој Пешиќ одлучи да го чкрте од овој Евробаскет. Постигна 32 поени од кои шест тројки. Во финишот игра немилосрдно.

Лудилото на Бока - Ривер по голот на Бенедето

Со голот на ветеранот Дарио Бенедето во 65’ минута, Бока Јуниорс го доби дербито со Ривер Плјет во аргентинската Примера Дивизион. Со овој триумф тимот од Ла Бомобнера е на 4. место со 32 бода после 18 кола, само два бода зад лидерот Атлетико Тукуман. Ривер е шести со 29 бода.

Фантастични соло мајстории на Родриго и Валверде

Актуелниот шампион на Шпанија има перфектен старт со 5 од 5 во Ла Лига. Синоќа ја декласираа Мајорка со 4:1, а за атракција се погрижија Родриго кој ја изора одбрана како нива, како и Валверде кој ги изненади гостите со трк од своја половина, а потоа ја испали неодбранливо.