Offside

„Ја имав само таа дилема дали да и кажам на групата или не. Но на крајот од краиштата тие ми се како семејство и тоа им соопштив. Никогаш нема да заборавам како реагираа, многу сум среќен што работам со ваква екипа. Затоа никогаш нема да го заборавам овој ден. Горд сум на својот тим, на играчите, на управата, на претседателот“, рекол Ханси Флик.

Барса ја потопи Жолтата подморница со 3 гола за 7 минути, Левандовски извонреден

Убави се ваквите клипови, сакаме вакви. После прекрасниот материјал на Реал Мадрид, со иста мера одговори и Барселона.

Абе какво нафрлање од корнер во шеснаесетник, барај го одма Подолски

Лукас го има уште, не е во пензија. Легендарниот напаѓач со 130 настапи и 49 гола за Германија, има 37 години и игра за Гурник Забже од Полска. За него велат: Повеќето луѓе имаат лево стапало, Подолски има чекан.

Роналдо се огласи за аматерскиот потег, ама не се извини

Манчестер Јунајтед го доби дербито против Тотенхем со 2:0. Роналдо не беше дел од тимот и додека се играше 90-та минута, демонстративно стана од клупата за резерви и си замина. Вели мора да стоиме обединети, а како да не сака да признае дека погрешил.

Од млад ветувачки талент до новиот Џерард: Како Валверде стана Валверде?

Уругвајскиот играч за врска се повеќе се истакнува на Бернабеу, благодарение на одличниот старт сезоната. Погоди на дербито против Атлетико и на Ел Класико. Додека Реал почнува да ги гради темелите за средниот ред на иднината, Анчелоти отиде со многу јака споредба за еден од своите ученици.

Лео за стравовите пред Светско првенство

На точно 1 месец до почетокот на големиот Мундијал во Катар, а во ситуација кога Пауло Дибала и Анхел Ди Марија се неизвесни поради незгодни повреди, Меси призна дека нема фудбалер кој не размислува на тоа.

Ван Дајк копал дупка пред Вест Хем да промаши пенал

Во меѓунеделното коло во англиската Премиер лига, Ливерпул со голот на Дарвин Нуњез во 22’ минута го совлада Вест Хем со 1-0. Но резултатот можеше да биде поинаков ако во 45’ минута на неколку секунди пред крајот од првиот дел, најдобриот играч на „чеканите“ Џарод Боуен не промашеше пенал, поточно Алисон му го одбрани. Ама чек да видите што направи Ван Дајк пред пеналот.

Голманот јунак на Ваљадолид кој одбрани два пенали по ред

Реал Ваљадолид, клубот чиј сопственик е легендарниот Бразилец Роналдо, во шпанска Ла Лига после 10 одиграни кола има учинок од 3 победи, 2 нерешени и 5 порази. Синоќа целиот бес од слаби резултати го истурија врз Селта Виго и ја победија 4-1. Јунак на вечерта беше голманот Жорди Масип (33) кој одбрани два пенали еден по друг и тоа на расниот стрелец Јаго Аспас.

Време е малку навивачите на Манчестер Јунајтед да пукаат сеир

Ликов е комедии и ни се чини дека го имавме еднаш на сајт, ама и да е така моравме пак да го објавиме после победата на Манчестер над Тотенхем од 2:0.  На него со право се навраќаат на Твитер профилот на навивачите „The United Stand“ кој брои 1,5 следбеници.

 

Американец со двe раце залепи на постер кошаркар на Пелистер

Кошаркарите на Пелистер со две победи против ТФТ и Шенчур ја стартуваа сезоната во АБА 2 лигата. Ако треба да се избере број 1 потег од средбите во Златибор, тоа без конкуренција е ѕверското забивање на Лукас Валфорд од Шенчур, фејс то фејс врз Иван Сапунџиев.

Домашната колекција-музеј на дресови во домот на Дејан Савичевиќ

Дејан Савичевиќ, познат како Дејо-геније беше лидер на екипата на Црвена звезда која во 1991-ва го освои КЕШ, денешна Лига на шампиони која подоцна во 1994-та ја освои со Милан и тоа како главен јунак во епскиот триумф над Барселона од 4:0. Во повеќе од 20 години активна кариера, Дејан собрал неверојатна колекција дресови од многу играчи со кои и против кои играл.

Сите прекрасни фудбалски реклами на Пепси како носталгија од некое поубаво време

Гигантската компанија реши да сними рекламен спот во пресрет на Светско првенство 2022 во Катар и ја наврати јавноста на почетокот на 2000-те години кога имаа хит реклами со најдобрите фудбалери од тоа време.

Евра јадеше од тревата на Олд Трафорд, Анри му се смееше

Легендарниот француски бек со 379 настапи за Јунајтед и освојувач на 5 титули во Премиер лига и една во Лига на шампиони, се потсети на вкусот на својот дом во кој беше во периодот 2005-2014.

Реал му даде 6 на Елче, 5 од прекрасни акции, ама 3 му поништија

Актуелниот шампион на Шпанија продолжува со топ формата и со триумфот над Елче на гости 0:3, и бега +6 на Барса која вечерва го пречекува Виљареал. Кралевите везеа и створија преубави акции за головите од кои 3 им беа поништени со ВАР поради офсајд. Златната топка даде 3 од кои само еден му беше признат.

Маестралниот влез на Лука Дончиќ кој ја предизвика цела сала

И покрај тоа што одигра неверојатен меч со 35 поени (10/23 од игра), со 9 скока и 6 асистенции а имаше и некои луди бравури, Лука Дончиќ не можеше сам против силниот Феникс Санс. Маверикс водеа 22 поени разлика во првиот дел но Санси направија целосен пресврт преку Девин Букер (27 поени, 9 асистенции), Деандре Ејтон (18 поени, 10 скока) и Камерон Џонсон (15 поени).

Необјаснив кош на Горан Драгиќ за Чикаго

Трофејните „бикови“ со триумф ја почнаа новата сезона во НБА. Со 116-108 го победија Мајами Хит. ДеМар ДеРозан очекувано беше прв стрелец со дури 37 поени, 6 скока и 9 асистенции, а голема помош имаше во Никола Вучевиќ кој уфрли 15 поени, 17 скока и 2 асистенции. Горан Драгиќ запиша 12 поени од кои една чудна тројка против неговиот довчерашен тим.

Малиот Банкеро, првиот пик на драфтот, растури на дебито во НБА

Најозборуваниот кошаркар во НБА изминатово лето, првиот пик на драфтот, Американецот со италијанско потекло Паоло Банкеро имаше сјајно деби во најдобрата лига. За Орландо Меџик на првиот меч против Детриот Банкеро имаше 27 поени (11/18 од игра), 9 скока, 5 асистенции и 2 блокади за 35 минути на паркетот. Последен пат вакво деби (25+5+5) имаше Леброн Џејмс во 2003-та.

После долго време, самба се заигра на „Олд Трафорд“, Ентони танцуваше

Речиси сите навивачи на Манчестер Јунајтед едногласно тврдеа дека мечот на нивниот клуб против Тотенхем синоќа (2:0) бил најдобриот во последните неколку години. „Црвените ѓаволи“ везеа по теренот, а скапоцениот Бразилец Ентони донесе шмек на бразилска самба.

Туку, го видовте ли ремек-делото на Алмирон од Њукасл?

За разлика од некои претходни кола кога голови паѓаа како дожд, синоќа во Премиер лигата немаше многу. Во просек имаше по еден погодок на дури пет средби. На „Сент Џејмс Парк“ препородениот Њукасл со 1-0 го совлада Евертон. Стрелец на голот Мигел Алмирон. Еврогол не гол.

Кулушевски конечно гукна нешто на македонски

Разрешена е мистеријата со ѕвездата на Тотенхем и селекцијата на Шведска. Дејан кој има потекло од Охрид, зборува по малку македонски.

И при водство од 2:0, Роналдо предвреме лут си замина во соблекувална

Манчестер Јунајтед ја доби тешката битка против третопласираниот Тотенхем и стигна до шеста победа после 10 меча во Премиер лига. Ама штом не игра, Кристијано уво не го боли и уште пред да почне судиското продолжение, стана од клупата за резервни играчи и си отиде.

Нема што јас да трчам кога треба да се породам

Човекот на кој во памет му е каде да оди утре да дупла чкемче чорба, направи вкупно три чекори.

Сторијата за Леао, поврзаноста со семејството, недисциплината и првата плата

Врската на Рафаел со неговите е блиска и многу силна. Меѓу нив има гестови на великодушност и почит. Ама кога не слушал, јадел воспитни.

Нејмар го поддржал Болсонаро за да му прости долг од 17 милиони евра?

Најголемата фудбалска ѕвезда на светот отворено застана зад актуелниот бразилски претседател кој за неколку дена ќе води решавачка битка за нов мандат.

Оди сопри ја акцијава на Порто да те видам

Ако не ви е јасно како се прави играч повеќе во напад, ќе ви покажат генијалците на Порто.