Сјајна анегдота од Питер Крауч пред големото финале со Милан во Атина

Питер Крауч освен што е највисок англиски фудбалер кој некогаш сме го гледале, важи и за еден од најдуховитите англиски фудбалери со типичен британски хумор. Крауч одамна веќе е во фудбалска пензија, ама често раскажува јаки анегдоти.

Во 2007-ма се одигра големото финале на Лига на шампиони меѓу Милан и Ливерпул во главниот град на Грција. Повторна средба после историскиот легендарен меч во мај 2005-та во Истанбул кога Ливерпул после 0:3 се врати на 3:3 и славеше на пенали.

Сега Милан две години подоцна бараше одмазда за болниот пораз.

Пред тој важен меч во Атина, а со цел да ги одмори и релаксира играчите, Рафа Бенитез тренерот на Ливерпул решава да ги однесе играчите на картинг, да возат коли.

Питер Крауч кого едвај го собрало во количката раскажува:

„Тргнав да возам и сè беше во ред кога во еден момент на средина од трката, кога сите застанаа во пит стоп а јас забрза, сфатив дека ми откажаа кочниците. Летав по патеката и сфатив дека е неизбежно да удрам во некого. Пред мене на патот се најдоа Чаби Алонсо и Дирк Кајт.

Тогаш си помислив кој од нив двајца е поважен за екипата за финалето? Тргнав кон Кајт кој за среќа реагираше брзо, ги рашири некако нозете и поминав под него".

И самиот Холанѓанец се сеќава на опасниот момент:

"Имав ситна повреда па решив да одморам и да не учествувам и застанав од страна до Рафа Бенитез да гледаме од безбедно место. Во еден момент од нигде никаде Крауч залетан доаѓа со голема брзина а не може да закочи.

Единствено нешто што ми преостана беше да скокнам во воздух и успеав некако да го скокнам Крауч кој удри во заштитната ограда позади мене.

За влакно ќе ми ги скршеше на парчиња зглобовите и сигурно ќе го проуштев финалето на ЛШ".

5 април 2023 - 17:06