Во најновата топ листа на најплатени фудбалски тренери во светот која ја објави реномираниот Лекип, Греам Потер пазете, се наоѓа на четвртата позиција.
Зборуваме за тренер кој во минатото ги има водено Лидс Карнеги, англиски деветтолигаш од полуаматерска лига, Остерсунд додека бил шведски четвртолигаш, како и Свонси и Брајтон.
Го шутнаа од Челси по само шест месеци во кои на 31 меч забележа 11 порази и го остави клубот на 11-та позиција на 11 бода од ЛШ и 12 од испаѓање.
Истиот лик замина од Стемфорд Бриџ како четврти најплатен тренер на планетата со нереални 13,5 милиони евра по сезона.
Заработувал повеќе од Мурињо, Анчелоти, Тухел, Алегри и 3 пати повеќе од Чави кој инаку му бега 12 бода на Реал. Па уште и ќе добие 25 милиони евра обештетување за предвремен раскин на договорот, сума која требала да изнесува 50 милиони ако не се договореле спогодбено со клубот.
Инаку најплатен и натаму останува Симеоне кој од 2011-та го води Атлетико и зема огромна годишна плата од 34 милиони евра. По него следуваат Гвардиола и Клоп.
Во исто друштво е несреќава од Челси, а изненадува платата и на Инѕаги на кој не му оди во Интер, како што му одеше на Конте.
1. Диего Симеоне (Атлетико) – 34 милиони евра годишно
2. Пеп Гвардиола (Манчестер Сити) - 22,4
3. Јирген Клоп (Ливерпул) - 17,8
4. Греам Потер (Челзи) - 13,5
5. Масимилијано Алегри (Јувентус) - 12,8
6. Томас Тухел (Баерн) – 12
7. Карло Анчелоти (Реал Мадрид) - 11
8. Симоне Инзаги (Интер) - 10
9. Жозе Мурињо (Рома) - 9,2
10. Чаби Алонсо (Баер) - 5
11. Нико Ковач (Волфсбург) - 4
12. Чави (Барселона) - 3,8
Ова што го прави Челси не е нормално, ни Абрамович не трошел волку