На почеток од групната фаза во најдоброто од Јужна Америка, Копа Либертадорес, аргентински Расинг на гости со 0-2 го совлада бразилски Њубленсе. Едниот гол го даде десетката Матиас Рохас и се приближи до рекордните погодоци од огромна далечина. Вториот гол го даде 39-годишниот Перуанец Паоло Гуереро кој стана највозрасен стрелец на погодок во историјата на аргентинските клубови во КЛ.