Судијка прекина натпревар за да спасува живот на гледач
Ќе речеш четврта лига, не се знае кој пие, кој плаќа, а кој мести, ама не е така секаде. Во италијанската Серија Д Кристијана Лараспата покажа дека фудбалот е небитен кога се работи за живот и го напушти теренот за да му помогне на 68 годишен маж кој добил срцев удар. Инаку се погодило судијката да е и студентка по медицина, а ова и било деби во фудбалот.