Каква e иднината на Меси: ПСЖ, Барселона или трета опција?

Еуроспорт, Форбс, Марка, како и специјалистот за трансфери со 14 милиони следбеници на Твитер, Фабрицио Романо, тврдат дека Меси има нестварна понуда од Саудиска Арабија, од тимот на Ал Хилал кој му нуди двојно поголема плата од онаа што ја зема Роналдо во Ал Наср, а тоа се 400 милиони евра по сезона. Но неговата намера е да остане во Европа барем до Копа Америка 2024.

Иднината на Меси е поотворена од кога и да е, бидејќи продолжувањето во Париз се чини се помалку веројатно. Во моментов на пишување таа е веројатно непозната и за него и за најблиските околу него.

Секој целосен пристап во оваа фаза би значел игнорирање на реалноста која стана покомплицирана во последниов месец. Она што изгледаше како многу веројатно обновување со ПСЖ, сега е подалеку.

Но ништо не може да се исклучи 100% бидејќи преговорите со Парижаните се уште се живи.

Каква е ситуацијата со продолжување во ПСЖ?

Пред, за време и непосредно по Светското првенство, обновувањето на договорот во ПСЖ беше речиси завршена работа, барем од страна на Французите.

Тој го освои Светското првенство, потоа се случи елиминација во ЛШ и Меси постави услови за да продолжи.

Не толку за парите, туку за проектот што би го имал ПСЖ во однос на играчите, тренерот и точната улога на Луис Кампос. 

Работите таму и останаа. Се беше одложено и клубот почна да се чувствува сомнително поради тоа.

Во ПСЖ не се среќни, но до пред некој ден се уште тропаа на вратата на Лео. Тоа е факт кој е вистинит.

Сакаа состанок, сакаа да го видат одговорот на Лео на предлогот што беше и се уште е на маса од клубот. Потоа следеа свирежите на навивачите.

Ситуација што не помага и која евентуалното едногодишно продолжување на соработката го прави речиси недостапно.

Во моментов двете страни се далеку, но сепак не се разделени, туку си должат одговор.

Враќањето во Барселона е сон

Во Барселона не се будали. Тие ја почувствуваа достапноста на најдобриот нивен играч во историјата и ги поставија тркалата во движење за кам бек. Потпретседателот Рафаел Јусте зборуваше дека е во контакт со луѓето околу Меси.

Но конкретна понуда од Барселона засега нема. Нема да биде лесно. Лапорта и Лео не се во комуникација. Или подобро кажано, Лео не направил некој гест за да му се доближи на претседатело.

И затоа е невозможно. Да не зборуваме за несигурната економска состојба на клубот. Не би било лесно да се вклопи Меси финансиски. Но, за надеж на навивачите, за прв пат тоа е можно.

Тоа веќе не се гледа како сон, иако има уште долг пат пред сонот да стане реалност.

Трета опција

Овој исход воопшто не треба да се отфрли и наскоро може да има вести во таа насока. Што значи трета опција?

Премин во МЛС, Саудиска Арабија, па дури и Катар.

Дали третиот начин може да вклучува останување во елитата и заобиколување на Барселона или ПСЖ? Би можело, но засега нема ништо сериозно околу таков потег, а Манчестер Сити веќе извесно време не е поврзуван со играчот.

И така стојат работите. ПСЖ се оддалечува, Барселона сонува и третата опција не може да се исклучи.

Виа

5 април 2023 - 12:38