Фиорентина ја оправда фаворитската улога против Кремонезе уште на првиот полуфинален дуел од Купот на Италија и со гостински триумф од 0:2 е со една нога во финале. Стрелецот на вториот гол Нико Гонзалес глумеше како пуши, а соиграчот Иконе му виткаше тутун. И Италијанците пишуваат дека немало до сега ваква прослава на гол.