Offside

Најголемото засилување за „кралскиот клуб“ летово е 19-годишниот Јан Диоманде за кого на Ред Бул Лајпциг ќе му платат 125 милиони евра. Оваа сума е огромна затоа што Реал Мадрид одеше до крајот: првата понуда од 90+10 милиони им ја одбија, па се појави и ПСЖ како конкурент само за да ја зголеми сумата.

Какви врвни баскет трикови на Јокиќ, коментаторите воодушевени

Денвер Нагетс го совлада Њу Орлеанс 122:113 и дополнително ја зацврсти позицијата пред плејофот. Јокиќ забележа нов трипл-дабл, дури 16-ти сезонава, а вкупно 92 во кариерата. Интересно, на сите 16 трипл-дабл учиноци на српскиот репрезентативец, Денвер Нагетс славел победа.

Кукуреља појма нема дека Жоржињо не му е повеќе соиграч

Како краен рок во зимскиот преоден рок, на 31 јануари знае да биде доста раздвижено и динамично со трансфери, до степен да не знаат играчи кој им останал колега. Го прашуваат Шпанецот Марк Кукуреља кој е најпаметен играч во Челси? Го издвојува Жоржињо и во тој момент дознава дека тој веќе е нов член на Арсенал.

Тимската игра на Реал е убавина за око

Кралевите немаа муниција против Реал Сосиедад и нерешените 0:0 ги оддалечиja на -5 од Барселона. Но мора да им се признае дека низ годиниве наназад, благодарение на задржаниот костур на јаки и искусни играчи, надополнети со млада свежа крв, играат врвен фудбал. Погледнете каков проток на топка имаат.

Грк од Штутгарт постигна автогол од преку 40 метри

Студениот шут за гостите се случи уште во 4 минута кога Константинос Мавропанос сакаше да му ја врати на голманот, кој очигледно во тој момент имал попаметна работа отколку да го чува голот. Но Бундеслигашот не дозволи да биде изненаден од второлигашот Падерборн во Купот и успеа да го сврти мечот во 86-та и 95-та минута.

Жена ако не мисли, кој ќе мисли

Откако после јубилејниот 1.000-ти натпревар во кариерата на Меси, жена му Антонела сфатила дека тој не го сочувал дресот, туку го дал на некој Австралиец и дека редовно ги дава своите предмети кои таа сака да ги чува во драгоцениот музеј на семејството, после големото финале на Светско првенство му ги собрала копачките и му ги чувала.

Антиќ: Јокиќ и Дончиќ се пример за децата, играат со срце, а не за пари

Перо Антиќ како прв човек на КФМ гостуваше во Грција, каде даде интервју за Eurohoops TV. Зборува за НБА, Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Фенербахче, Олимпијакос, а за Богдан Богдановиќ вели дека е полуд по кошарка од Жељко Обрадовиќ и дека кога биле цимери до 4 сабајле гледал натпревари.

Како тоа со едно додавање две асистенции?

Феноменот Дрејмонд Грин ќе ви покаже како оди тоа.

Шпанскиот писател Хуан Мануел Прада: „Фала ти Новак за секоја протечена солза“

Еден од најнаградуваните шпански современи писатели, Хуан Мануел Прада Бланко за АБЦ Опинион напишал текст посветен на 10-кратниот освојувач на Австралија Опен.

Новак Ѓоковиќ е само добар човек во овие лоши и изопачени времиња

Федерер и Надал се принцови, недопирливи се и за оние кои ги гледаат и навиваат за нив. Новак Ѓоковиќ не е принц, бидејќи неговата потреба да биде сакан го поврзува со заедницата и тениското човештво како целина.

Халк, до вагата да не е нешто? Изгубил 6 килограми за 90 минути фудбал

Триесет и шест годишниот Халк (или Хулк како милувате), уште игра во топ форма за бразилскиот Атлетико Минеиро. Во рамки од 2. коло од бразилското првенство Минеиро, Атлетико Минеиро на гости со 1-2 го совлада Томбенсе. Халк имаше асистенција и гол. Интересно, се измерил и сликал на вага која покажала 97.7 килограми пред натпреварот и 91.9 килограми после мечот.

Детал од прославата на Новак кој не се виде во преносот

Откако ја искористи меч топката во финалето со Стефанос Циципас за победа, камерите го дадоа Ѓоковиќ како покажува со прст на глава па на срце, но не и на третиот, по многумина многу битен детал за еден спортист.

Иванишевиќ: Новак е од друга планета, неговиот мозок работи поинаку

„Знаете кога еден претседател ќе посети странска земја и ќе му дадат список од 37.000 работи, средби итн. Новак имаше 37.000 терапии и третмани. 97% од играчите би се повлекле по резултатите од магнетната резонанца“.

30-годишен тренер е хит во Франција, почнал со видео игри, ги скроти Меси, Мбапе и Нејмар

Фудбалскиот клуб Ремс од Франција веќе 13 меча не знае за пораз и тоа е една од најдолгите непобедливи серии во Топ5 лигите во Европа сезонава. Клуч за успехот е младиот и анонимен тренер кој се учел преку неверојатната видео игра Football Manager.

Нова неверојатна партија на Дончиќ, броеше над 50 поени

Кошаркарите на Далас Маверикс со 111:105 го добија мечот против Детроит Пистонс а нов натпревар за паметење одигра Лука Дончиќ. Словенечкиот ас блескаше и по петти пат во кариерата постигна 50 или над 50 поени.

Ова ако е пенал и црвен, Македонија е светски шампион во ракомет

Судиите во унгарската прва лига се изглупираа повеќе и од актерот кој успеа да исценира непостоечки прекршок за пенал и црвен. Се работи за Дебрецин, најуспешниот унгарски тим во овој милениум со седум титули и пласман во групна фаза во ЛШ. Срамота.

Пречек во Копенхаген за данските херои

Ракометарите на Данска постигнаа хет-трик во освојување Светски титули (2019, 2021, 2023), подвиг кој не му успеал на никој во историјата. Ако некој треба да слави на плоштад, тоа се тие.

Тајм-аут шоу на тренерот на љубљанска Цедевита Олимпија

Тренерот на Цедевита Олимпија Јурица Големац за време на мечот против Будуќност кој црногорскиот тим го доби убедливо 80:58, жестоко му викаше на својот играч Амар Алибеговиќ  додека траеше тајм-аут.

Не баш добра идеја на Мурињо во соблекувалната во Неапол

Рома загуби 2:1 на гостувањето против Наполи, а Елмас влезе во игра во 69-та минута. Задоволен од тимскиот дух, Жозе Мурињо побарал од играчите да овековечат една заеднична фотографија после поразот. Фудбалерите и не се нешто воодушевени од идејата.

Каква вечер за Охриѓанецот Џеди Осман

Дваесет и седум годишниот репрезентативец на Турција, роден во Охрид веќе неколку сезони е дел од НБА и има важна улога во Кливленд Кавалирс. Осман синоќа одигра неверојатен меч и во триумфот над ЛА Клиперс 122:99 постигнал 29 поени со шут за три седум од седум за 21 минута на паректот. Најдобар негов тројкашки меч откако е во НБА.

А видовте ли како славеше татко му на Ѓоковиќ среде Мелбурн?

За мир во куќа, дома го гледаше и полуфинале и финалето, тоест во хотелската соба, ама па ај седи во место да те видам, кога син ти ќе освои 22-ри Гренд слем.

Како една ваква велесила како Данска капитулираше во Борис Трајковски?

Чуден е понекогаш спортот. Особено ако знае дека Данска стана првата репрезентација во историјата на ракометот која врза три мундијалски титули. А неодамна загуби од Македонија, на дебито на Кире како играч/селектор. Пет гола на Талески.

Мајкл Карик прави чуда на клупата на Мидлзборо

Оспоруван и како играч, оспоруван и само што почна да се занимава со тренерска професија, Мајкл Карик (41), некогашниот повремен капитен на Манчестер Јунајтед, седнал пред крајот на октомври лани на клупата на давеникот во втора лига - Мидлзборо.