Се враќа ли бе ваква убавица на лет?

Руската тенисерка Виталиа Диаченко не успеала да стигне на турнир и заглавила цел ден на аеродром поради тоа што во пасош и пишувало дека е Русинка.

Виталиа Диаченко која е 250-та тенисерка во светот требала да лета на релација Каиро - Варшава - Ница, а проблемот и го направиле од полската авиокомпанија „Лот ерлајнс“ од каде добила објаснување дека е забрането Руси да се качат во нивниот авион. 

32 годишната тенисерка им покажала писма со поддршка од ВТА, ИТФ, како и доказ дека татко и е роден во Украина и работи за Обединети Нации, но и тоа не и поминало.

Заглавила на аеродром 18 часа и спиела на клупа, без можност да излезе надвор. 

Диаченко го испушти турнирот во Ница, а француската машка публика после оваа вест сигурно не купуваат повеќе билети.

27 април 2023 - 14:48