„Невидено нешто!“, била реакцијата на луѓето од управата на Реал Мадрид за настаните пред крајот од мечот со Партизан во големата арена „ВиЗинк Центар“ во Мадрид.
„Мадрид ќе биде построг од кога и да било со оние кои се криви за срамната тепачка“, вели новинарот на шпанскиот медиумски гигант.
Најцрн пораз во историјата на кошаркарската секција на Реал Мадрид во Евролига, пишува шпанска Марка и додава дека сега кога се смирени страстите, учесниците во тепачката ќе сфатат колкава штета му нанеле на имиџот на клубот.
Прво, вели новинарот на Марка, ќе дојдат санкциите од Евролига, а потоа, со поголема смиреност и перспектива на она што се случило, мадридскиот клуб планира остри мерки кои треба да ги усвои.
Запрепастеност од она што се случи не му бега никому. Навивачите, управата, тренерите па дури и самите играчи, откако ќе видат што се случи, ќе се срамат од имиџот кој го прикажаа во светот.
Името на Реал Мадрид е на сите усни денес поради нешто што е надвор од сликата што сака да ја проектира „белиот“ клуб и нема да сакаат да се повтори.
Делење играчи од судирот со удари е нешто што се коси со размислувањето на Реал Мадрид.
Може да се разбере дека во моментот кулминираше тензијата по реакцијата на Пантер по прекршокот на Серхио Љуљ, но никогаш не се решава пролбем со удари, со други боречки вештини. Ова ќе има логични последици, пишува Марка.
Реал Мадрид има интерен режим и за фудбал и за кошарка и секогаш се применува за ситуации како оваа или како онаа што се случи со Валверде. Во овој случај ќе ги почекаат санкциите на Евролига пред да донесат одлуки.
Од клубот ќе ги бранати интересите во конкретни ситуации, но ќе бидат непопустливи пред насилниот и претеран однос на некои.
Срамни сцени во Мадрид, кошарката на крај се претвори во кечери