Гвардиола психолошки го изиграл Арсенал со пехар крај теренот

Поранешниот норвешки фудбалер а денес стручен коментатор и новинар, Јан Оге Фјертофт објави кадри на кои се гледа како луѓето од Манчестер Сити пред големото дерби со Арсенал на два часа пред мечот го пренесуваат шампионскиот пехар од страна кон средина на теренот.

„Од некоја причина пехарот на Премиер лига денес е тука... Не е крај, нели?“, напишал новинарот.

Сити е актуелен шампион и го поседува шампионскиот трофеј освоен минатата сезона. Овојпат луѓето од Арсенал при излегување на терен го здогледале пехарот и тоа било, некои сметаат психолошка игра од Пеп Гвардиола.

Било како било, на крај Манчестер Сити со 4-1 ги потопи „топџиите“ и сега „граѓаните“ имаат се во свои раце со два меча помалку од Арсенал.

27 април 2023 - 10:50