
Интересно менаџерот на Шефилд Јунајтед, Пол Хекингботом ја презеде екипата на Шефилд Јунајтед во ноември 2021-ва кога беа речиси на дното, на 16-то место, а сега во април на голема и еуфорично славеа пласман во Премиер.
Шефилд Јунајтед после 43 одиграни натпревари е втор со 85 бода, зад лидерот Барнли кој освои досега 95 бода. И двата клуба одат директно во Премиер, а интересен ќе биде баражот за третиот тим кој ќе оди во Премиер лига.
Сега за сега најблизу до баражите се Лутон Таун, Мидлзборо, Ковентри и Сандерленд.
Шефилд Јунајтед синоќа со 2-0 го победи Вест Бром со головите на Сандер Берге во 58-ма и Анел Ахмедхоџиќ во 76-та минута. По судиската свирка за крај огромна радост меѓу играчите и навивачите на култниот стадион „Брамал Лејн“.