Македонскиот голман бранеше одлично цел меч, а во финишот доби жолт картон поради задржување време. Рајо Ваљекано водеше 2-0 со головите на Алваро Гарсија во 19-та и Фран Гарсија во 53-та минута. Роберт Левандовски го матираше Димитриевски за конечни 2-1 во 83-та минута.
Кумановецот заработи добри оценки кај шпанските новинари и е меѓу позаслужните што Рајо Ваљекано е на високото 9-то место, со добри шанси да се вмеша во борбата за место кое води во еврокуповите.
Рајо Ваљекано на последните четири средби со Барселона има три победи и едно реми. На два од четирите дуели со Каталонците, Димитриевски не прими гол.
Од друга страна, Барселона како да го следи Реал Мадрид и обратно, па кога едните кикснуваат, следува кикс и на другиот, честа пракса низ годиниве.
Каталонците истрчаа во силен состав, со Тер Штеген, Де Јонг, Педри, Гави, Левандовски, Рафиња, а им фалеа повредените Дембеле, Бускетц, Серхио Роберто и стоперот Кристенсен.
И покрај поразот, Барселона ја задржа предноста од 11 бода над Реал Мадрид и речиси е промовирана во нов шампион на Ла Лига.