Offside

Жешко лето во Рим. На навивачите на Лацио им е прелејана чашата со Клаудио Лотито, кој поради несовесно работење, го блокираше клубот со забрана за трансфери. Тимот остана без пласман во Европа, но и без можност за купување играчи.

Уличен фудбал во Бразил, без да им тапне

Си биле Роналдо, Роналдињо, Ромарио и Роберто Карлос. Барем така треба да ви викаат дечкиве.

Канада е убаво фудбалско изненадување, блиску се до прво Светско првенство после 1986-та

Верувале или не, фудбалската репрезентација на Канада собрала најмногу рејтинг бодови на ФИФА листата во 2021 година - дури 130,32 бода! За споредба, Италија која стана европски шампион освои 115,77 бода, а Аргентинците кои станаа шампиони на Копа Америка освоија 108 бода годинава.

Што вели Панчев, Меси или Роналдо?

Во интервју за Ал Џезеира, Дарко Панчев добива прашање за вечната фудбалска дилема или поточно, кој би го купил ако тој држи свој клуб.

Манчини за шансите за Светско 2022: „Сами сме криви, сега ќе треба да завртиме ракави“

На 24 март 2022 година на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, Италија ќе ја пречека македонската фудбалска репрезентација во полуфинале на баражот за пласман на Светско првенство 2022 во Катар.

Само во Африка и во Кратово влетуваат со џип на терен

Налетавме рандом снимка од Африка на која некој локален насилник растура фудбалски натпревар и плус не пази како вози. Нè потсети на една случка од мак фудбалот.

Ултрасите на Лацио го гонат најдобриот одбранбен играч од клубот кој ги разгневи

„Сме протестирале против многу почесни играчи и витези како Кинаља, Неста, Михајловиќ. Сме оделе во тренинг базите на Рома и Лацио да истераме правда, не па со тебе неблагодарнику“.

Наставничка на сезоната

Учителка на деца од трето одделение во едно школо во Вашингтон. Додека имале час по физичко во школскиот двор им ветила дека ќе подари топло чоколадо за сите ако....

Педро навивам за Венеција, ама ќе може твојот дрес?

Веќе некое време, најнова мода и начин за да се дојде до дрес од својот идол е тоа да му го пишеш на хартија и да му го покажеш на стадион. Е сега треба и играчот да има сенс. На мечот Венеција - Лацио, тоа му успеа на едно дете.

Играч на Шарлот правеше циркузи за да го деконцентрира Јокиќ

Шарлот Хорнетс го доби Денвер Нагетс со 115:107, откако во последната четвртина направи лудило од пресврт и ја доби со 38:13.

Англичаните одржаа Европско првенство, сега силно притискаат Африка да нема шанса да се радува на Куп на нации

Африканскиот Куп отсекогаш бил болка за европските клубови зошто во периодот кога се игра, во јануари (поради големите летни температури таму), многу важни играчи кои играат на Стариот континент отсуствуваат најмалку 2-3 недели поради учество на најголемиот турнир за Црниот континент.

Преубаво видео за Божиќ од Наполи

Во стилот на најголемите европски фудбалски клубови што Наполи несомнено е, клубот од градот под Везув снимил сјајно видео во пресрет на католичкиот Божиќ. Се појавуваат фудбалерите Џовани Ди Лоренцо како европски шампион со Италија, голманот Давид Оспина и Полјакот Пјотр Зјелински.

Барселона сериозно заинтересирана за Столе Димитриевски

El Chiringuito е најпозната емисија за спорт во Шпанија. Во неа реномирани новинари дебатираат, дискутираат сериозна тематика поврзана со шпанскиот фудбал и спорт воопшто.

Буфон: Јувентус со Роналдо го загуби идентитетот на тимот

На 28 јануари Џиџи Буфон полни 44 години. Возраст на која обично фудбалерите се тренери или не работат ништо и ги уживаат парите, а тој кажува каде би сакал да игра уште.

Лизгачки старт во Холандија кој покажува зошто ВАР знае да заврши работа

Се работи за мечот ПСВ - Го Ахед Иглс кој синоќа заврши 2:0 и на кој ако не постоеше ВАР, судијата ќе направеше голема грешка. На прва проценка вели чист старт на топка, а коментаторот му се смее. Потоа на ВАР сфатил дека гостинскиот фудбалер не ја пипнал топката и му извадил црвен картон.

Глуп голман на денот

Брани за Тајланд, изглегува како Ноер, ама нема ни М од мозокот на Ноер. За две секунди направи две недозволени работи надвор од шеснаесетник. Судијата изгледа слабо барата со правилата. Само жолт му даде.

15 години од немилосрдниот волеј на Пол Сколс

Од рубриката „На денешен ден“, фудбалскиот времеплов го извади тоа што не смее да не се одбележи, бидејќи е за огромна почит. Извонредната, фасцинантната, импресивната и неповторливата бомба на една од најголемите легенди на Манчестер Јунајтед. Ферги плескаше, Вила Парк се чудеше.

Нова ранг листа на ФИФА, Македонија без промени ја завршува годината

Македонската фудбалска репрезентација историската година во која за првпат се појави на едно големо Европско првенство, ја завршува на 67.место на ФИФА ранг-листата што е далеку од најдобрата наша позиција.

Јасикевичиус со нова лекција на прес

Литванскиот стратег, Шарунас Јасикевичиус е интересен лик кој од време на време знае да даде по некоја изјава, поинаква од стандардните и со која умее да им ги отвори очите на многумина.

И да не играте, ние ќе ве бодриме - тифозите на Салернитана поминале 884 километри а екипата не им дојде

Салернитана не допатува во Удине, ама дојдоа навивачите на празен стадион

Вонсериска асистенција на Никола Јокиќ

Кошаркарите на Денвер изгубија од Оклахома Сити Тандер 108:94 и имаат 15:15 во регуларниот дел од сезоната. Јокиќ уфрли скромни за него 13 поени со 7 скока и 3 асистенции од кои една до Монте Морис беше баш страва.

Само Рамос може да влезе во второ и да направи два жолти за 5 минути

Со гол во последните секунди од мечот Мауро Икарди спречи втор пораз на ПСЖ во француската Лига 1 во мечот со Лориен на кој Серхио Рамос во рок од 5 минути доби два жолти картони и беше искучен иако влезе во игра на стартот на вториот дел во 46’ минута.

Голчиштето на Бензема е реплика од 2015-та против Реал Сосиедад

И во двете ситуации се извлекува од истиот агол, ја шутира од идентична позиција, на идентичен начин и на идентично место. Неверојатно колку се поклопуваат овие две мајстории, изведени во временско растојание од шест години.

Убаво голче на Гранада за најголема криза на Симеоне во Атлетико

Дарвин Мачис од Венецуела ја крена на нозе публиката, откако по една индивидуална акција со бомбастичен удар го матираше Јан Облак. Гранада го совлада Атлетико со 2:1, а тоа е веќе рекорден четврти пораз под водство на Диего Симеоне.

Ди Марија, и ти ли сакаш да го зголемиме голот?

ПСЖ не може да го победи Лориент и се извади со голот на Икарди во судиско, кој израмни на 1:1. Како сакате да победат, кога прво имаат предност од 13 бода зад вториот и се скроз комотни и второ, промашуваат вакви чисти шанси. Се изнагледавме утки месецов.