75 години од најтешкиот пораз на Бразил

Бразилците имаат два историски најболни порази. Во 2014-та година претрпеа невозможен срам откако Германија на нивен терен на Светско првенство ги ишамара со 1-7. А во 1950-та година, на денешен ден пред 75 години Бразил во финале на Светско првенство, на свој терен, на „Маракана“ пред околу 200.000 гледачи изгубил 1-2 од Уругвај. Цела нација била во тага а овој пораз познат како „Мараканаѕо“ е никогаш непреболен во Бразил.

16 јули 2025 - 10:56