Ливерпул ја одби понудата на Баерн за Дијаз, бара повеќе
15 јули 2025
Веќе неколку недели траат нагаѓања околу тоа каде Колумбиецот Луис Дијаз ќе ја продолжи кариерата. По освоена шампионска титула со Ливерпул, тој сака да замине од клубот. Баерн Минхен е најзаинтересиран и веќе понудил 67,5 милиони евра.
Црвените ја одбиле и го проценуваат Дијаз на 100 милиони евра плус бонуси. Сега следен на потег е Баерн Минхен.