Offside

По Стефан Ристовски, од Динамо Загреб си замина и Аријан Адеми. Беа заедно на Максимир 5 сезони, а со македонската репрезентација играа на Европско. Имаа братска конекција. Рики емотивно, со избрани зборови му напиша долга порака на Инстаграм.

Како навивачите на Барса гледаат вечерва ЛШ

Баварската машинерија води 3:0 и со 5 од 5 оди на победа и против Барселона, на која па очајно и се потребни 3 бода. Во меѓувреме од Минхен, одиме во Барселона:

Проектил на Сане со кој ја праќа Барса во Лига Европа

Бенфика води 2:0 на полувреме со Динамо Киев, а Барса губи 2:0 во Минхен, ситуација скроз непосакувана за Чави во финишот од групната фаза во ЛШ. По голот на Милер, водството за Баварците го дуплираше Лирој Сане со бомбастичен погодок.

Гол на Бобан Николов во Лига на шампиони за голем бод на Шериф

Шериф Тираспол сосема заслужено обезбеди европска пролет откако во дебитантскиот настап во Лига на шампиони одигра јуначки во група со Реал Мадрид, Интер и богатиот Шахтјор. Шериф вечерва одигра 1-1 кај Шахтјор благодарение на гол на нашиот репрезентативец Николов кој влезе во игра на старт на вториот дел и постигна гол во последните секунди од мечот, во 90+3' минута.

Демонстрација на моќ на Ливерпул среде „Сан Сиро“, Атлетико го размонтира Порто на гости и оди понатаму

Шесткратниот европски првак демонстрираше сила и како брз воз ја помина групната фаза со максимален број победи 6/6 и гол разлика 17:6. Милан заврши последен на табела, Атлетико Мадрид го преброди Порто и како втор оди понатаму.

Мбапе и Меси блеснаа за нов триумф на ПСЖ, Сити поразен но остана лидер

Во последното коло од Лига на шампиони се доби расплет во групата А каде единствена непознаница беше кој тим ќе продолжи на пролет во Лига Европа. Првите две места се резервирани за гигантите Манчестер Сити и ПСЖ. РБ Лајпциг во последните две рунди успеа да се избори за Лига Европа како трет во групата.

Како во ’80-те и ’90-те почнуваа акции од голман?

Наместо модерниот, современ тики-така фудбал кој до совршенство го доведе Пеп Гвардиола, на времето немаше многу трте-мрте и изнесување на топката од последна линија. Голман ја лупаше што посилно напред па кому оди. Нека се м’кнат напред.

Интересен гол падна во Кратово на снег

Фудбалерите на Силекс го пречекаа тетовски Тетекс во меч кој се играше на тежок терен во Кратово, поради снежните временски услови. Но тоа не му сметаше на Јордан Серафимовски кој од триесетина метри се лизна при еден шут атрактивно да го совлада голманот на гостите. На крајот мечот заврши 3:1 за лидерот во Втората македонска фудбалска лига.

Вардар се удави во кал до гуша

Само три дена после хет-трикот против Велешта, Филип Петковски повторно им донесе триумф на црвено црните, овој пат од 0:1, а противникот Беса од село Добри Дол, го пречека најтрофејниот македонски клуб Вардар во село Боговиње. Условите за игра како во штала.

Шарко не лае на домашни во Зенит

Фудбалерите на Зенит од Санкт Петерсбург минатиот викенд на својата ултра модерна „Газпром Арена“ пред мечот од 17. коло на руската Премиер лига, на терен излегоа со кучиња во рацете. Така ја поддржа волонтерската акција за помош на кучиња бездомници наречена “На кучињата најдобро им е дома“. Главен организатор на акцијата била Руската кинолошка федерација составена од повеќе друштва за заштита на животните.

Милан, Атлетико или Порто? На кој што му треба за осминафинале

Последното коло од групната фаза во ЛШ вечерва стартува со групите А, Б, Ц и Д. Следете ја само ситуацијата во групата Б, бидејќи само таму нема разврска. Се очекува да биде драматична бидејќи три големи екипи ќе се борат за едно место. Може да реши и меѓусебен дуел.

Анегдота на Ибрахимовиќ од времето кога играл во Балкан

Човекот со 570 голови во кариерата, некогаш знаел да облече и голмански ракавици, а тоа било кога како дете играл за Балкан, пред да заигра за Малме. Имало причина за тоа.

Балканска неправда на сезоната

Нема да го крстиме ова промашување на сезоната, туку неправда, лакрдија, па ако сакате и немање мозок на делегатот и судиите, кои дозволиле да се игра фудбал на ваков свињарник. 

Играа со играч повеќе скоро цел меч, водеа 2-0 до 99’ минута и изгубија титула во последни секунди

Дефинитивно го имаме најблесавиот натпревар на годината 2021-ва. Се одигра во парагвајското првенство меѓу главните кандидати за титулата Серо Портењо и Гуарани. Вториве беа домаќини.

Со нов трипл-дабл, Никола Јокиќ го престигна Лери Бирд на вечната листа

Во поразот на Денвер Нагетс од Чикаго Булс 109:97, за 36 минути на паркетот Јокиќ оствари трипл-дабл учинок со 17 поени, 15 скока и 12 асистенции. Ова е негов дури 60. јубилеен трипл-дабл во кариерата со што го престигна легендарниот Лери Бирд на вечната табела за трипл-дабл учиноци. 

Луди ножички на Бразилецот кој може да заигра за Италија против Македонија

Во еден од двата последни дуели од 16. коло на Серија А, Каљари и Торино одиграа 1-1. Гостите поведоа со автоголот на Карбони во 31’ минута, а во 53’ минута Каљари израмни со страшен гол на Бразилецот Жоао Педро кој сезонава има 9 гола.

Малерозна, ама и брилијантна прослава на гол

Напаѓачот на Селта, Јаго Аспас не е меѓу помладите напаѓачи во Шпанија. Има 34 години, ама му се игра и на генијален начин смисли како во едно коло да стави две во едно: повреда и суспензија.

Голчиште на Евертон во 92-ра минута за пресврт и победа над Арсенал

Евертон славеше 2:1 против Арсенал на последниот меч од 15. коло во Премиер лигата, а мечот го реши Демаре Греј со јак гол во судиското продолжение. „Гудисон парк“ еруптираше, а голманот на Топџиите само ја гледаше топката.

Ново гол шоу на Јаховиќ кој за 10 минути со два комада го реши Газиантеп

Продолжува одличната голгетерска форма на македонскиот репрезентативец, кој по голот против Фенербахче за голем бод, му донесе три важни бода на својот тим.

Шкотска фудбалска романтика за една топка

Сторијава е нестварна и едноставно поинаква од сите други, без разлика што доаѓа од аматерски фудбал. Уствари тоа ја прави уште поуникатна.

Хајдук топло го вдоми детето кое Ријека го избрка зошто славело гол на дербито

Иако викендов се играше најголемото хрватско дерби Динамо Загреб - Хајдук кое сплитските „били“ го добија со 0:2, сè уште не се стишува хаосот кој настана по големото јадранско дерби пред неколку недели кога избија нереди на „Кантрида“ каде Хајдук славеше победа.

Рики тргна да се тепа после поразот во дербито, а Јани Атанасов го двоеше

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација тешко го поднесе поразот од големиот ривал Хајдук. Се појави видео на кое се гледа како напаѓа противнички играч после мечот.

Цела Белгија се кикоти за најсмешниот автогол таму

Во белгиската втора лига, Вестерло е убедливо прв и скоро може да се каже дека ќе биде нов прволигаш догодина. Во неделата играа против Мускрон, победија 4-3. Но први примија гол. И тоа погледнете каков автогол си даде домашниот голман Давид Јенсен.

Не, не е тенис, Гладбах примил 6 гола дома уште до 37-ма минута

Борусија Менхенгладбах им приреди прав ноќен кошмар на своите навивачи. Во 37’ минута од првиот дел успеаа да примат неверојатни 6 гола од Фрајбург.